Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
„Клучот за безбедност во ИТ е сигурен софтвер – софтвер програмиран не само со одликите туку и со безбедноста на ум, вели Дејвид Џејкобсон, технички директор во компанијата за услуги поврзани со Линукс – Сајнек. “
станала популарна пред 1 година, 7 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Технологија
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Шо бе, не гласаме веќе групно за 30 минути?
Перо, ти благодарам што го следиш секој мој чекор. Кога ќе пишувам мемоари ќе ти се обратам за потсетување.
:) Едвај чекам. Ти благодам многу. Срце си.
Гемо, само на машко плескање мислиш :)
Извини развигор, овде има ред. Застани позади мене. Јас и перо практично сме побратими. Тој спие по два саат дневно за не испушти нешто од мене. :)
Вордан, ја и ти сме од ист калибар, се разбираме.
перо, твојот респонс тајм кон мене е 26 минути. Нешто си се успал...
Е да, сега не е апла, риспонс тајмот не е неколку минути, туку неколку саати. Спаринг партнерите на развигорче повторно у акција:
# capricorn
# Lila
# propercare
Аи лаајк. Хај фаајв.
Мене не ме рачунаш? :)
jpetrov is back in town :))))
значи ... :) ако гласаме за најсељак на кајмакот тоа сите знаеме кој ќе биде прв.
Метаморфозис - научете еднаш: софтвер со отворен код на македонски се вика слободен софтвер, причините поради кои што би требало да го користиме само овој еден термин би требало да ви се јасни досега. ;)
Не сум во Метаморфозис, но искрено ме интересира преводот за Free and Open Source Software?
Па преводот на Free Open Source Software е слободен софтвер.
Знам дека разликата е подлабоко а и не сум сигурен дали е валидно објаснувањето ама мене ми е логично дека пошто free/open дилемата е настаната поради двозначноста на free во англиски нема потреба да ја потенцираме и во македонски јазик.
Мислам дека софтвер со отворен код (Open source software) и слободен/бесплатен софтвер (free software) не би требало да се мешаат, тоа се две различни категории. Има еден куп софтвер што е со отворен код (open source), а не е бесплатен. Лесно ќе се најде пример и за обратното.
Арангел, види ја оригиналната вест на англиски..
Заради прецизност, го применуваме следното правило: ако пишува Free and Open Source Software (FOSS), тогаш го преведуваме како слободен софтвер. Ако пишува open source software, тогаш е софтвер со отворен код.
JetLiChan, слободниот софтвер не е free sofware aka freeware. Тоа што е бесплатен му е еден фичр, да, но покрај тоа неговиот код е отворен за менување, прегледување и сл. Во англиски постојат два термина како што објасни Глиша. Поради тоа што free има повеќе значења една група на луѓе поддржувачи на слободниот софтвер сметале дека free software е премногу конфузен термин. Тие почнале да го користат терминот open source, иако се работи за истиот софтвер кој што најчесто е објавен под условите во GPL лиценцата. Стварно нема потреба да создаваме дополнителна конфузија кога во нашиот јазик „слободен софтвер“ е термин кој што е дефинитивно најсоодветен.