Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Програмер или Кодер?

пријавена од moondowner пред 1 година, 8 месеци. (mklinuxos.wordpress.com)

Во кое се пронаоѓаш? И дали мислиш дека има разлика помеѓу овие два поими?

станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    во дигитач.
    дигитален клецкач.

  • +4 гласови

    Она што ти го нарекуваш „програмер“ во светот се нарекува „software developer“. Тоа е титула која вклучува повеќе од кодирање/програмирање, на пример: архитектура на систем, планирање и изведување проекти, анализа на бизнис побарувања, дизајн на бази и податочни структури, и слично.

    Програмерите се многу барани и високо платени, затоа си даваат слобода да менуваат фирми толку чето. Инаку, јас немам впечаток дека сон на секој е да стигне до „софтверските гиганти“. Има помали софтверски фирми кои носат повеќе прогрес отколку фирми како МС или Оракл и слично.

  • +5 гласови

    ГудБајтс... и да и не. Планирање и изведување на проекти е работа на проект менаџерите. Анализа на бизнис побарувања е работа на одделенијата за маркетинг, продажба и особено бизнис аналитичарите. Дизајн на бази често е работа на ДБА.

    Како и да е, факт е дека во мали фирми тие обврски често се споени. Инаку има „ќар“ и од искуството во големи компании. Пример 37сигналс (авторите на Руби он Раилс) се супер тим од 7 вработени. Но кога грешат, грешат маестрално и нема кој да го исконтролира и поправи тоа. Резултат: елитистички групи кои не се базираат на реални пазарни услови туку на баз маркетинг.

  • +2 гласови

    Sooo true... посебно делот за Рејлс, закон! Се потсетив на Зед. Шо убо ги изремети на времето :D Инаку да во врска со темава, во прашање е семантика (која како по обичај на просечниот човек не му значит многу). На крај мислам ич не е важно дали програмер или кодер. Важно е човек да е задоволен од то шо го работит.

  • +5 гласови

    Па може, „ќарот“ од работата во фамозна фирма е во референцата за следните вработувања. :-)

    Енивеј, кога ќе се употреби зборот „кодер“, најчесто се мисли на најдолната алка од ланецот на исхрана, пишувач на код, најчесто полу-репетитивно, ограничено и речиси досадно работење. Се сеќавам на објаснувањето на „еден од првите македонски програмери“, како што се претставува себеси, кој ми беше и бос едно (далечно) време, и кој велеше дека никогаш не сакал да остане само обичен кодер. И вистина, кариерата ја заврши водејќи некои „поскапи“ проекти (такво му беше мерилото за важност, според количеството пари, што да му правам) финансирани од буџет. Начинот на кој тој човек го користеше зборот „кодер“ беше безмалку како навреда. ;-)

  • +5 гласови

    за разлика од кодер, декодер многу помоќно звучи :D

  • +2 гласови

    Ах каква правда имат, секогаш таквите завршват на буџет(за жал на сите граѓани) во земјичкава наша. Ама ич не ми е важно како ќе ме наречат дали вака или онака, важно е чоек да си бркат работата и да е задоволен. Елем, сретнав такви што php, perl, python, ruby кодерите(програмерите) ги нарекуваа секако, мислам на погрдни зборови, а во огласот бараа човек шо ќе им работит lisp. Им реков алал ви вера ако мојте да живејте во денешно време од lisp, во услови на толку динамичен пазар. Бев во прашалници целиот. Или налетав на некакви фалбаџии или на ептен генијалци :D

  • -2 гласови

    За рејлс имаш право. Но еве, сега после две години од излегуваењто на РоР голем дел од фирмите (особено старт-ап фирмите) го сваќаат потенцијалот, и многу од нив се спремни да спонзорираат понатамошен развој на платформата (е тука се наоѓаат тие фирми кои имаат долгогодишно искуство). Дури Мајкрософт има .Нет имплементација на руби, www.ironruby.net која може и да извршува Рејлс апликации.

  • +3 гласови

    Кога сме веќе кај семантика/граматика/ономатопеја ;) и сл. насловот би требало да биде:
    Програмер или кодер?
    Инаку и Добрибајти и Јпетров изнесоа добри ставови.

  • +2 гласови

    За Македонија, важи следново: сите сме се` одеднаш - и програмери, и продавачи, и луѓе за поддршка на корисниците (и главни виновници :) ). А колку што знам, така е и во сите помали ИТ фирми низ светот.
    Моето прво работно место во ИТ беше отприлика „помлад аналитичар на системи“, или така некако. Многу одамна, јебига. :)

  • +5 гласови

    БТЊ, moondowner (што ли значи тоа?) можеби е добар програмер/кодер, ама според текстот по македонски имал двојче, два-на-три максимум.

  • -2 гласови

    Па да, Македонски слабо ми одеше во средно, но Англиски затоа како мајчин јазик ми е;)

    БТЊ имаш право, сите се одеднаш се, се работат, one-man-show. Ама знаеш кај е тоа случај? Во новите фирми кајшто и шефот нема многу искуство, и нема многу вработени, па сака да извлече по нешто од тебе на сите полиња, наместо да извлече максимум од тебе на едно поле.

  • +1 глас

    Македонски = македонски; Англиски = англиски.

  • +1 глас

    хаха, звучи познато. Исто така, и принтерите после ако ги сјебаат, твојот софтвер е крив. :)

  • +3 гласови

    Јас до сега немам сретнато човек кој е одличен продавач, маркетинг експерт, проект менаџер и кодер во едно. За жал ова не го разбираат децата кои излегуваат од големите фирми и си мислат дека светот е нивни. Но така се учи :)

  • +1 глас

    Програмерите повеќе ги обединуваат програмскиот јазик, базата на податоци, дизајн на софтвер (може да се каже проект менаџер), тестер, обука на клиенти и поддршка.
    За продавачите и маркетинг „експертите“ е задолжено друго лице.
    Децата од големите фирми, иако можеби повеќето се такви, какви што ги опишува Јован, сепак има добар дел исклучоци.

  • +1 глас

    ...или како шо ме корегираше еден колега, добар МАЛ дел исклучоци :)

  • +3 гласови

    Јас, за жал, знам многу одлични продавачи, но слаби програмери.
    Со други зборови - преваранти.

  • +2 гласови

    да ти возвратам со иста фраза која ја употреби и ти еднаш на мој коментар:
    Good catch Vordan :)