Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Лорем ипусм е едноставен модел на текст кој може да ви се најде доколку се занимавате со развој на софтверски апликации или веб решенија. Служи за пополнување на местата на кои треба да има текст во крајните производи, каков во моментот немате.
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Технологија
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Често го користам овој сервис.
Еднаш кога презентирав еден веб сајт, клиентите ми забележија: „Каков е овој текст?“, велев - овде ќе го ставиме вашиот текст штом ќе биде готов!, „Веднаш да си ги избришал овие латински глупости“ .
Да, да, има и такви :))
Не заборавајте дека има и македонска верзија: http://mk.lipsum.com/.
Клиентите на dasaf барем му погодиле дека ставил латински текст. Мене 2-3 Амери досега ми рекле дека текстот е грчки. :-)
Еве извадок од email кој го добив пред 4 дена, на пример: „We do not have content yet, so please use dummy (Greek) text for all pages“...
Межеби мислел на оваа страница: http://www.lorem-ipsum.info/_greek.
Не знаев дека имало и на македонски. Шармантно, заклучно со битолскиот дијалект.
Ќе ми речат клиентите - американци: Ве молам користете битолски, сеуште немаме текст.
:)