Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
http://time.mk ги чита сите извори на вести од македонија, весници и телевизии кои имаат веб страници. Потоа детектира кои се на иста тема и ги рангира во зависност од популарноста и колку се вестите нови. корисничкиот интерфејс треба малку да се подобри, но како за прва драфт верзија е одлично.
станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Технологија
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
а која е врската со гугл?
или муабетов ти е дека наликува на google news???
УУуу, грдо.
наликува. затоа е во наводници. а бтњ, и авторот на сајтот работи во гугл.
хм, претпоставувам дека ова е само почетен обид, и дека сервисов ќе се развива, зашто вака, дизјанот на страна, нема некоја голема употребна ведност.
сајтот не е генератор на вести и не генерира нови информации, туку само наоѓа што е актуелно и популарно по македонските сајтови за вести. тоа ти е исто како да кажеш дека гугле нема никаква вредност зошто не генерира никаков контент.
Има многу други слични сервиси, многу постари од овој, пр. насловната страна на www.org.mk
Насловот е крајно неискрен и верувам дека е главната причина за прибраните гласови. Јас гласам за спем, со оглед на тоа дека сајтов ниту е нешто посебно ниту има некоја врска со гугл.
:) ти изгледа поима немаш што е google news.
www.org.mk само ги собира вестите со RSS и ги прикажува најновите, според време, а не и според содржина што е најбитно.
ако некоја вест се појавила на некој од RSS каналите на изворите на вести не значи дека е одма топ вест.
а врската со гугл е дека google news работи на тој начин. на што ли ќе личеше нивната страница ако на првата страница нон стоп прикажуваат најнови страни од 4500 извори на вести.
морам да одговорам на jpetrov. Доколку беше малку компјутерски свесен (користење на IE не се смета за компјутерска свесност) ќе сконташе дека правењто на вакви сајтови не е тривијална работа. Ама и за секој почеток се појавувале некои кои што мрчеле. Во секој случај целосно го подржувам сајтот и бев доста изненаден од тоа што се прибираат вести и од сајтови кои што немаат RSS. Тоа значи дека некој прави малку повеќе од најобично прибирање на RSS. Претпоставувам дека е во тестна фаза бидејќи треба да се доработи на излгедот. Не знам кои се врските на учесниците во дискусијата со било какво програмирање (под програмирање не се смета за пополнување на OnClick events како што викаше мојата стјуардеса RMI многу напреден концепт) но веќе е време некој да почне да ги цени новите работи кои што се појавуваат на нашиот беден македноски интернет простор. Браво Супер идеа
сметам дека http://nabu.com.mk/?hl=news е доста подобар.
Ова со nabu е ок. Мислам на тоа дека изгледа ок. Но мислам дека почнаа во една насока и потоа згрешија. Односно сега повеќе наликуваат на Yahoo него на Google. Нема да ме изненади моментот кога ќе се појават банери на сајтот со реклами. Го користев но престанав. Важно е да се заработат пари но на интелегентен начин, очигледно во НАБУ тоа недостасува. Мислам дека на крај се ќе дојде на nabu=excite, ако некој воопшто се сеќава на excite.
се надевам дека ќе дојде време кога луѓето ќе разликуваат функциналност од шминка.
MOD_PYTHON ERROR, блабла... Не работи.