Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

КАНО-ЕКО СИСТЕМ за ефтино греење

пријавена од zlochko пред 1 година, 5 месеци. (www.forum.zazabava.com)

Самиот иноватор на системот на наш форум си го промовира пронајдокот - систем за греење на електринчна енергија со досега најмала потрошувачка на струја.

станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    само што се регистрирав... ако има нешто што треба да појаснам повелете прашајте....

  • +1 глас

    Да. Како тоа се погоди да се регистрираш баш кога јас ја постирав оваа статија... а јас тебе не те познавам??? Ме проаѓаат морници!
    :))
    Дај ми контакт email.

  • +1 глас

    GO кано! :)

  • +2 гласови

    прашање:

    1. зошто користиш кока-кола шише во инсталацијата: http://rdr.to/yX ? ;-)

    2. како преносителот на топлинската енергија (растворот) знае кога е во инсталација за „скоро да не ја троши топлинската енергија“ а кога е во радијатор, па да ја разменува со радијаторот за да тој грее? или многу тешко ја оддава енергијата па треба 1 месец порано да почнам да се грејам (нормално 1 месец порано да престанам)

    3. каде можат да се надат цени за кано-еко системи?

  • +1 глас

    @ кано

    патем... греење на дрва е моментално (барем за македонија) единствен карбон неутрален начин на искористување на енергија. гас и нафта дефинитивно не се, а во македонија не се произведува „зелена“ струја - барем не значајна количина.

  • +1 глас

    Зошто нема сајт со сите информации?
    Вака некако подземно, да не кажам илегално, ми изгледа работава (без навреда).
    Сајт, со пристоен опис, без граматички грешки и со *цени*. Ако воопшто е на продавање ваков систем.

  • +1 глас

    Незнам како греење на струја може да биде ефикасно.

  • +1 глас

    ај со ред ке почнам:

    ЗЛОЧКО... нека не те лазат морници. ми пренесе некој член од форумот, пошто го видел ова...

    КОТЛЕ.... шишето од кока кола е поставено заради додавање на концентрација во електролитот... во тоа време експериментирав со што ке стигнам, па случајно тоа беше кока кола шише... можеше да биде и од..хмм.. што знам, да речеме кокта или фанта... во секој случај тоа е ПЕТ ПЛАСТИКА и е многу отпорна на притисоци и температураи, па како таква ми заврши добра работа... сега веке не правам такви додатоци.. сега е по едноставно... а зелента струја.. не не се произведува ама како што можете да прочитате на форумот има објаснето зашто на струја овој систем... има и сведоштва од луге така да ако пишувам тука ке трае долго долго...

  • +1 глас

    ВОРДАН...

    јас сум пионер за ова. иако сум околу 9 години на пазар и имам монтирано нешто над 1000 системи во македонија и пошироко, сеуште се раководам со договарање по видување и понуда на лице место, од проста причина дека кај секој не е исто, едни сакаат нва инсталација, други сакаат само систем а друг да им прави инсталација, трети сакаат да спасат пумпи и други елементи од “старото“ парно, па затоа се цените различни за сите...

    сајтот е во изработка и ке биде многу брзо ама нанего пак ке нема цени.. како што реков, цени по видување на лице место...

  • +1 глас

    МИНИМООГ....

    за твоево прашање има одговор на форумот... едноставно е.. овој систем троши упола пари и киловати во однос на котел на струја и со самото тоа го прави поекономичен од било што друго... а од дрвата.. со него е исто по пари... има и разлика една: за на дрва, прво плаќаш па се грееш а на струја се грееш па плаќаш и тоа онолку колку што ке потрошиш... ако зимата била блага ти останале дрва т.е. заробени пари, ако била прејака ти зафлие дрва па нарачувај уште... ме конташ нели...

  • +1 глас

    Не мислев на тоа. Со струјата вадиш ефикасност до 1. Имаш системи кои вадат 5:1 (на пример клима уред просечен вади 3:1 во оптимална температура, поточно не многу ниска температура). Нема многу денови во годината каде температурата паѓа под нулата. Клима комбинирано со некој додатен електричен уред (кога е многу ладно) е доста ефикасно.

    Мада останува проблемот со слаб напон...

  • +1 глас

    епа овој систем работи до 110волти пад на напон... тоа е баш оној биполарниот систем, наменет за амерчки пазар на 110волти... обичниот систем работи со пад на напон до 160волти... јас го имам тестирано на толку струја во македонија... на тој пад на напон ништо не работи, ни тв, ни фрижидер, ни пц, ни клима, ни греалка, ама баш ништо ама парното со КАНО СИСТЕМ работи...

  • +1 глас

    затоа геотермалните пумпи се добри, барем на хартија.

    но на крајот, се се сведува на прашањето, колку е енергетски ефикасно тоа што се обидуваш да го загрееш/оладиш. ако губитоците во единица време ти се големи... џабе... можеш само да се закрпиш. во принцип, барем на куќите во македонија не им треба активно греење, освен во 20тина дена пикови (ако не и помалку). кога во шведска има пасивни куќи...

  • +1 глас

    геотермалните пумпи во македонско подрачје се една голема лага... ме мрзи да пишувам зашто, ама со ПРОВЕРЕНИ тестирања од мене и некои колеги дојдовме до ПРАКТИЧНИ податоци дека заштедата е помеѓу 12 и 14%.. оние фантастични 66% искажани-излажани од фонко се недостапни за нас... ке пишам и на форумот за ова па ќе читате...

  • +1 глас

    Геотермалните пумпи ТРЕБА да имаат 5:1 ефикасност, и тоа без никаков проблем. А тоа кај нас какви се, е друго прашање.

  • +1 глас

    па на хартија гледано би требало да бидат 5:1, ама во пракса не е така... дури и во норвешка каде имаат високи подземни температури, тој коефициент е околу 3,5:1....

    ај какоинформација... котелот на струја е 0,5:1

    значи за 1 киловат ел. енергија дава само пола киловат топлинска...

  • +1 глас

    за сите што сакаат да контактираат со мене може да се обратат на следнив е-маил:
    knoterm@t-home.mk или на форумот зазабава... подобро на е-маил по често е проверуван...

    таму ке добиете и контакт телефон... не иде тука да го турам...

    поздрав до сите и ви стојам на располагање со одговори за вашите прашања...

  • +1 глас

    Каде е за гласање :) не се снајдов :)

  • +1 глас

    се клика на бројот во крукчето, веднаш до насловот на темата...

  • +1 глас

    Почитувани, на адресата http://www.kanosistemi.com.mk е новокреираната веб страница за КАНО Системите за економично па и евтино греење.

  • +1 глас

    хехехе... пак ме претрка.. браво браво...

    она што можам да го кажам е дека од едно случајна средба на нет излезе една соработка помеѓу кано и злочко... кој рече дека нетот не брка работа... инаку злочко е уствари еден квалитетен веб креатор (или како веќе се вика тоа) и можам да ви дадам контакт телефон на заинтересираните. појдете на http://www.kanosistemi.com.mk, контактирајте ме и ќе ви дадам тел. број