Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Многу сме јаки!
станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Технологија
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Честитам!
Одлично лого.
Само логото е одлично? :)
Гоце Митевски (http://pablisher.lugola.net) го изработи.
Не, не мислев така - според тоа што го ѕирнав, добра е и содржината.
Но, подобро ќе ја оценам кога ќе ја прочитам.
Сепак е работно време, кориснициве ми се качиле на грб, ме тегнат за уши ... :)
Попладне, на раат.
Логото е ствар на вкус... или невкус ако е веќе до мене. Неодоливо ме потсеќа на едно минато време, фали само уште срп или чекан во раката. Сем тоа... не разбирам - што е сега ова, политички весник те. движење? Пошто логово дефинитивно ме асоцира на нешто такво. Од времињата (за жал сеуште не изминати), кога одредени симболи кои претставуваа алтернатива, те. подземни движења наеднаш станаа мејнстрим правци. На секоја 10та маица го гледав Che Guevara, а тие што го носеа врска немаа ни кој е ни за што се борел.
А сега ќе го разгледам и весникот...
Логото сосема одговара на името: Лугархија = Лугола + Анархија. Раката во тупаница е симбол на „анархијата“.
Малку личи на логото на „Отпор“, но не е страшно...
Можеби си и во право, еве за оние кои ги интересира повеќе.
"A persistent symbol of resistance and unity, the clenched fist (or raised fist) is part of the broader genre of "hand" symbols..."
@Zlochko да спремиш еден текст за ноември и да не го дрвиш по толку :)
Не сме политичко движење, не сме политички медиум, оди на сајтот и прочитај „зошто анархија“ ќе видиш дека е спонтано мото.
@Сите: имајте во предвид дека ова е напипување на пулсот, да видиме како ќе одат работите, значи има 16 страни кои ќе ни дадат дополнителна мотивација да работиме :)
Има нешто што не разбра во мојата критика:
1. Дадена е со најдобра намера
2. Логото е она што треба да ми наговести кои/какви се содржините во магазинот. И тоа, верувал или не - без да има потреба да одам на сајтот и да барам додатно објаснување. :)
Значи уште еднаш... најдобронамерно. :)
Да да, ок така и сфатив, го имаме тоа во предвид. Нема да ангажираме посредници од ООН ако некој даде подобар предлог за име на зинот исто и за логото. Мене логото ми е екстра, сем ако сепак се даде подобро име кое ќе го поврзи некако :) еве ти симболика: се дигаме против инертноста на младите и велиме „извадовме езин“, затоа "raised fist".
Благодарам.
хех... може на пример тупаницата да потекнува од дизајнот на рачето-покажувач во неколку gui средини. така ќе се добие моментот на тупаница во дигитална ера.
+1
Јас мислам дека треба да го наречете „Јужна Лугархија“ - Битола.
Само „Лугархија“ е свето име за нас, Северните Лугархијци - го носел еден генерал на Александар Велики, уште од античките Македонци и Хунзите. Да не почнувам сега ... :)
haha :))
Само напред.
Еве, штотуку завршив со подеталниот преглед на „Лугархија“, и можам да заклучам дека е чекор во вистинска насока!
Ме изненади (пријатно, се разбира) сериозноста на пристапот кон темите, кои се добро и писмено напишани и сеопфатни. Исто така, посветен е и соодветно внимание на дизајнот, па списанието е „око-угодно“. Им честитам на авторите.
Мали забелешки - мора да ги има, никој не е совршен (ова доаѓа од поранешен CEO на Форум Магазин, значи со некакво искуство):
- Текстовите се малку предолги, за да бидат почитливи, скратете ги. Генерално, за почеток, на 2/3 од сегашната должина и/или максимум на една страна;
- Повеќе слики, да не биде досадно;
- Аман, немојте да правите justified текст! Тоа е за адвокати!
- Хакирање на мрежи *не* е препорачлива тема (иако е добро обработена) за магазин кој претендира да биде дистрибуиран низ училиштата (за што ќе ви треба, дозвола, БТЊ. Не правете прекршок).
Уште еднаш, сите пофалби!
Фала ти за советите, и тоа како ни се потребни! :) За Justified многу се мислев дали да е така или не :)
За тоа низ школите, хрм. Можда тоа дополнително ќе го промовира зинот, ако некој го рашири анонимно :) Плус не сме регистрирано здружение ;)
Мојот монитор е 1400х1050. Би било фино ако може да ми кажете како изгледаат текстовите на вашите резолуции, дали фонтот е премал? Пример 10ка фонтот на мојот е мал, но на други кај што видов е ок.
Честитки!
Искрено се надевам дека ентузијазмот ќе ве држи повеќе од еден број.
Истотака ме интересира реална целна група кон кој е насочен?
Hacker.GNU.Teenage.Wannabe - my guess.
Ваше мислење?
насочен е кон сите кои сакаат да дознаат што е слободен софтвер и слободна култура и кон сите кои мислат дека хакерите се злото на две нозе :) Инаку да, +тие што ги наброја. :)
THNX Gemigjy на брзиот и искрен одговор.
Јас имам еден предлог за наредниот број.
Дефинирање на профил на Македонски Хакер, пример:
Download на Software за "хакеришење"
+ Пробување на све што мрда на интернет
+ Добивање на "фантастични" резултати
+ Збирање на друштво и фамилија и прославување
= Фаца у друштво (тој е хакер) и гордост во фамилијата (моето дете крш праи, гордост на тато)
Што се случува со суштинското познавање или како што би рекле Eднооки - Што ќе се прави со необразовано образовање ... :)
Мојот кумашин е „хакер“... ова според неговиот чичко, кој е доктор кардиолог.
Имено, кога го видел еднаш со вклучен command prompt се фалел по колегите со следните зборови:
„Внук ми е хакер. Му влага на компјуктерот во црн екран!“
Хахаха со тоа „компјуктерот“ ме изнасмеа! хахахаха
Ме потсетува на еден стрип што го имаше на последната страна во едно хрватско списание за компјутерски игри Hacker што излегуваше пред 8-9 години :)))