Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Изберете си Linux дистрибуција

пријавена од kapsarovb пред 2 години, 9 месеци. (www.zegeniestudios.net)

Ако некој се мисли што да користи како Linux OS, а сака само неможе да си избере, нека се прошета на прашалников...

станала популарна пред 2 години, 9 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Мислам дека веќе го имаше ова? Сепак, ажурирано е, и сеуште е практично е за луѓе што се двоумат... го има мојот глас ;)

  • +1 глас

    Одлично

  • +1 глас

    Лугола го преведе на македонски ова пред 3-4 месеци и беше меѓу првите статии на Кајмакот :)

  • +2 гласови

    стварно опен сорс заедницата се однесува како ККК, Наци и др. слични институции. и малку ми е криво што 50% од статиите на кајмаков се сведуваат на опен сорс линукс величење и виндоус клоуз сорс омаловажување.

  • +1 глас

    dasaf, AFAIK секој може да пријавува содржини тука, така што на што се сведуваат 50% од статиите на кајмаков има врска и со тие што *не* пријавуваат, а не со тие што пријавуваат.

  • +1 глас

    Голем дел се статии за слободен софтвер, другиот голем дел се blog.com.mk, од време се протнуваат и други статии кои според мене треба да се најбројни. Но заедно растеме. :)

    Новица е во право, не е проблемот до тие што пријавуваат туку до тие што не пријавуваат.

  • +1 глас

    Навистина.
    Не треба да се омаловажува Windows NT, (2000, XP, 2003, не и Vista).
    Сепак, факт е дека со затворањето на тој код во Windows се доби толку лоша Vista.
    Единствен начин да се осигура добар софтвер е што е можно повеќе луѓе да го истестираат, исчистат итн. Најдобар начин за тоа е отворањето.

  • +1 глас

    особено се разочарувам што типци/ки се уклучуваат само за да ги гласаат опен сорс содржините... :(

  • +1 глас

    Башка многу логично е луѓето да се влкучуваат за одредени содржини. Секој има свои преференции и познавања од определени области. Не зошто да очекуваш луѓето што не се разбираат/интересираат за определени теми да гласаат за истите.

  • -3 гласови

    Одговорот на новица целосно е промашен. Заедницата отворен извор (извини батка, не можам да користам англиканизми, изнајдете си посоодветен превод), имаат примеси на фашизам, ако не се разбирате во фашизам, ја имате примесата од темната страна на силата: Или си со мене, или против мене.