Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Начинот на кој технологијата ги менува комуникациските полиња во основа е редефинирање на нивните граници (или дури и нивно бришење). Комуникацијата денес е детериторијализирана, во смисла на тоа што физичкиот простор не е битен (па дури да се во прашање различни континенти).
станала популарна пред 9 месеци, 1 седмица | проблем? | кој гласал? | категорија: Технологија
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
А, кое тоа врвно партиско тело на КаПеЈУ донесе одлука дека интернет медиумите треба да се користат само за интернационалистички или граѓански политички платформи?
И зошто се тргнува од појдовната точка дека национализмот е негативна појава?
(на „затоа што е“, би одговорил „затоа што не е“, затоа нека има поиздржан одговор)
А зошто се тргнува од појдовната точка дека ако некој е анти-националистички настроен по автоматизам е комуњар?
Ах да, ми текна. Како се викаше? Scare Tactics? Создавање измислен непријател од некој што не се согласува со твојата илузија?
заради тоа што природно не постои такво нешто како нација. Thus, не може и не смее и не треба да постои национализам.
Fester - мене ми е сосема јасно дека интернационалистичките прогласи не мора да имаат врска со ’комуњарите’ иако мора да се признае дека тие се нивните перјаници. Сепак, кога ќе се тргне со апсолутистички став во кој претходно е веќе без дискусија укажано дека нештото е такво, тогаш тоа води кон „КаПеЈУ“, односно нивните принципи на работа, на кои Вуна како што гледаме не е баш имун!
gemidjy - дали е природно Орда, Род, Племе, Народ... или тоа се измислени категории?
Дали нашите пра-пра предци се организирале меѓу себе само затоа што флуктуираат во иста пештера или земјанка?
Ги знам одговорите подобро од тебе.... и би можел бесплатно да те подучам, да не се срамиш и ти како Вунава вака...
Нацијата и национализмот се природни општествени процеси кои човекот ги направил и ги прави како одговор на некои текови, токму за негово добро, а не за куроздравје!
марфи рекол, на земја на која два пати и се случува фашизам, два пати ќе и се случи и комунизам.
Еве една порака од иднината најдена во 23 век:
> Орда, Род, Племе, Народ...
Примитивни облици на организација на Homo Sapiens, на почетокот му помогнале да преживее за да почне да расте и да напредува кон цивилизација.
Потоа му претставувале главна пречка за да продолжи да се развива.
За среќа го надминале тоа во раниот 21 век.
Останатиот дел од текстот е нејасен поради застареноста на SSD уредот на кој бил складиран материјалот.
“За среќа го надминале тоа во раниот 21 век“
Откако Игор со своето супероружје ги уништил САД, Русија, Кина, Б.Британија, Франција, Германија, Кореја и тн....
Наивноста често граничи со глупавост...
Изгледа национализмот и примитивизмот го тераат човека да го гледа излезот во посегнување по супероружје за уништување на другите, најверојатно цитирам „за куровоздравје“.
Навистина е тажно, но нема нешто поглупаво од тоа да сакаш да му наштетиш некому со лишување од живот.
Тоа е.
Национализмот воопшто не е агресивен кон другите нации пријателе, си ги побркал поимите. Тоа за што ти пишуваш е национал-шовинизам.
Малку едукација не штети на здравјето.
http://lavot.blog.com.mk/node/151116
http://lavot.blog.com.mk/node/173158
http://lavot.blog.com.mk/node/174447
со оглед дека таков „национализам“ за кој ти збориш не постои нигде.. а постои само овој национал-шовинизамот .. може ли да скратиме само на национализам ?
или, ти сфати дека кога ја ќе кажам национализам мислам на -шовинизам, а ја ќе сфатам дека кога ти ќе кажеш -шовинизам мислиш на национализам.
а сега, разгледај го интернетот и FB и кажи колку од тоа е национализам а колку е -шовинизам