Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Facebook напредува со "брзина на светлината"

пријавена од Damjaan пред 1 година, 3 месеци. (it.com.mk)

Интересно е што на почетокот на декември се објави бројката од 130 милиони корисници на друштвената мрежа Facebook. Сега има 140 милиони. Ако продолжи со раст од 600.000 нови корисници дневно, до пролет ќе има 200. П.С. Не има околу 65.000.

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Иако и самиот го користам Facebook (http://www.facebook.com/profile.php?id=5...), статистикава на Дамјан е само доказ повеќе дека овој сајт треба да се стави во blocked листата на секој организациски firewall. :)

  • +1 глас

    Не гледам никаква поента во користење на вакви „социјални“ сајтови. Социјални, жими таквиов! :)

    Што има социјално во тоа да се здружиш со некој седејќи во соба, наместо да се дружиш со истиот (истата!) во живо.

    Единствено ги признавам бизнис адресарите од типот на LinkedIn. Таму (но само таму) сум и јас пријавен, за да можат потенцијалните бизнис партнери да го видат моето CV и лесно да ме контактираат.

  • +1 глас

    Old school. ;-)

  • +4 гласови

    Па да, стар сум, ама не се давам :))

    Само што се вратив од „социјалниот сајт“ наречен „Кафана Ив“, со адреса „Кај стара рампа“. Бројот на регистрирани корисници беше околу 15, а апликацијата на која работевме се викаше „2 преспански крапа од по 10 кила“, со придружните модули: ж`та (скоро 1 терабајт), вино (различни сорсови, 2 терабајта) и туршија (исто така различни сорсови).
    Оговаравме к`о стрини, се` и секого, изедовме и испивме се`, бришка!

    Сега? Сега дигестирам... :)))

  • +1 глас

    Ако Facebook го сватиш само како помошна алатка да се осигураш дека бројот на регистрирани корисници во кафана Ив "утре вечер" ќе биде 15, чисто да ги потсетиш корисниците дека краповите чекаат, тогаш немаш никаков проблем.

  • +2 гласови

    Јас сум еден од оние корисници кои често го користат Facebook. Независно кој како ќе го свати, сепак ова платформа пружа RSS или н.з.с на огромен број дисторзирани информации достапни преку медиумите. Секако во зависност како ќе си ги организираат самите корисници своите профили со add or remove events. Така на едно место секојдневно хронолошки имате на пример настани кои се случуваат по градови или општо во Македонија, а нема каде да се прочитаат на едно место.

    И сама го имам испоробано на два пати facebook во случаите со креирање и организирање на бесплатни тури по археолошки локалитети и можам да потврдам дека сосема успешно функционира. Факт е дека до сега оваа е една од најдобите платформи за промовирање на социјални настани. И тоа почна да се злоупотребува.

  • +1 глас

    Во меѓувреме сите научија дека најдобрата варијанта за популаризирање на себе си (како уметник, пејач, стриптизета, програмер итн) или на некој настан е креирање на профил со ник нејм и додавање на што е можно повеќе пријатели за да се рашири веста побрзо и стигне до сите корисници. Така facebook почнува да станува пренатрупан, а самата платформа споро да ги отвора апликациите.

    Секој може да ја употребува оваа социјална мрежа за што сака и не треба да им се суди на луѓето за која опција ќе се одлучат, дружење, информација па дури и распаѓање на брак ако си го променат статусот. :)))))

  • +1 глас

    Добро бе, на фејсбук ли ве учат дека треба „свати“? Множина од „сват“? :)
    „Сфати“, или уште подобро - „разбере“.

    -- Мало мрчење од „неприлагодениот“ :)