Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Што мислите, дали сајт како Twitter на македонски ќе функционира во Македонија? Гласајте на анкетата и ме интересираат вашите мислења.
станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? | кој гласал? | категорија: Технологија
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Сајт како овој? http://sobr.anie.mk/ :)
Па нешто слично но понапредно, со повеќе опции и со модерен дизајн. :)
ќе функционира, али ќе биде мрење за читање
искрено, не. немам баш време сега, но еве пример се linkedin и facebook.
Македонска верзија, не верувам дека ќе функционира.
Наскоро очекувам скоро сите популарни друштвени сајтови да направат како што направија Hi5 и Facebook и да овозможат на самите членови да ги преведат сајтовите.
Мене лично на твитер ми е интересно што имам и стари познаници и колеги кои што не се од Македонија... на македонски сајт ќе го немам тоа, плус ќе бидам исклучен од некои вести што ги следам преку твитер, пошто нели не се од Македонија вестите. Не сум против идејата ама веројатно ќе заврши како prijateli.com.mk или такво некое срање на крајот...
Немате отворени сваќања за промени и проекти кои не ве инволвираат вас, затоа така зборите. Уште на предлог вие го пропаѓате проектот.
ајде ќе го лажеме човекот, нека се мачи пола година и потоа кога ќе не покани да не му дојдеме? ако прави анкета значи бара реален интерес а не лицемерие. Плус тоа може анкетата да ја стави и по форуми, фејсбук - сепак луѓето тука не се референтен примерок од македонскиот пазар.
хмм. не е дека го пропаѓаат, туку дека не се заинтересирани да го користат.
тоа ни од далеку не значи пропаѓање, затоа што ако им се види интересно на група средношколци - може да биде попосетено од македонци одколку самиот твитер. тоа значи дека јас нема да одам таму да читам кој кого легнал и колку испил на големиот одмор...
build it and they will come .... or not
А која би била целта на еден ваков локален сервис? Онака за да го имаме? За да биде подобар? За да направи пари?
На twitter е екстремно лесно да креираш заедници по свој крој, секој за себе, и затоа локалните варијатни не се многу барани.
Разгледајте што нуди http://www.shoutem.com/ може ќе се најде некоја малку поконкретна идеја
Ја поздравувам скоро секоја иницијатива во МК поврзано со IT.
Сепак сметам дека некој сличен сервис на Twitter кај нас не би успеал.
Доколку би се таргетирала одредена група - можеби, но... сепак сум скептик.
Пишав пост http://komunikacii.net/2009/02/28/local-...
слична тема: http://www.softwave.info/?p=320