Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Веб-базираните програми како Google-овиот Gmail ќе ги турне корисниците во затворени системи кои ќе чинат се повеќе како времето поминува - наведува Ричард Сталман !
станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Технологија
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Да, интересно размислување на Сталман. Слично изјавил неодамна и Лери Елисон од Оракл.
Да, да. Јас мислам дека има вистина во она што го вели. Кога корисникот ќе се навикне на комодитетот на некоја платформа многу лесно ќе биде на даде пари и да не се грижи за неговата сигурност. Затоа, "Твојот софтвер, на твојот компјутер, со твоја лиценца за слободно користење" и чао пријатно.
:) Ова важи за САД. Кога GMail или било кој друг cloud computing сервис би зависел од нас - веројатно би банкротирал. :))
Ова е точно дека концептот за кој РМС зборува важи за САД, но тоа повторно не значи дека ако немаме ние (во Европа?) опасност не треба да се бориме против нештото. Истото е и со mp3 форматите и другите срања кои се прохибирани/патентирани само во САД.
agreed. :)
А прво да направиме притисок владава и институциите да се префрлат на отворен софтвер ? :)
so eighties :)
па добро - пр. Амазон Еластик Компјут Клауд овозможува да инсталирате било каков софтвер и ОС. На крај на краиштата - дури и за Гугл АпЕнџин направија слободен тест кејс на Амазон кој функционира. На Амазон или на ВПС може да се инсталира било кој (слободен) софтвер и да се поврзе со останатите сервиси од облакот.
Поентата на облакот е во ниските трошоци за почеток, нешто што со класични датацентри и закупување на сервери е невозможно.
значи може да се каже, има cloud и има cloud :)
Повеќе од очигледно е дека AppEngine е прилично ограничен и рестриктивен, Amazon се во интересна насока.
Вака на прв поглед, дилемава навистина би те замислила, ќе си речеш, „мајку му, па јас тотално ќе зависам од други“.
Но ако _продолжиш_ подлабоко да размислуваш на таа тема, ќе заклучиш дека целата цивилизација се движи кон тоа, од моментот кога почнала да се врши РАЗМЕНА на вредности.
Ако не ме разбравте, истава дилема можеш да ја имаш и за домашен наспроти купечки ајвар. Месен или купечки леб. Или мајонез. Сам свој доктор или во медицинска установа. Или телевизор. Или закупен хостинг.
Филозофски аспект, но доволно широко фаќа, нели? ;-)
Домашен ајвар дефинитивно нема конкуренција, море нема ни да има!
да тоа е дилемата.. и при секоја таква дилема луѓето доаѓале до некој општествен договор како да функционираат работите, па ваљда и сега доаѓаме до тој договор...
суштината на дилемата е дали некој врз тебе ќе има моќ (која е наспроти слободата; моќ = позиција да одлучуваш за судбината на други, слобода = позиција да си одлучуваш за сопствената судбина) ... тој проблем се решава ако субјектите имаат симетрична моќ еден врз друг.
Мислам дека си постојат правила на игра и во ваквите сервиси, kои кажуваат дека не може провајдерот на тој сервис (пример Google) да ти ги земе податоците како заложници (или плаќај месечно неколку долари или не ти ги даваме веќе мејловите).
Значи во најлош случај некои од моментално бесплатниве сервиси можат да почнат да се наплаќаат, но во исто време ќе се даде можност да не ги користиш веќе, да си ги земеш податоците и да си одиш на друго место.
А пазарот и конкуренцијата ќе си го сторат своето за сервисиве да бидат што подобри и што поефтини (бесплатни :) )
во контекстов ... за на многумина омилениот Skype:
A Chinese-language version of Skype scans users' chat messages for keywords such as "democracy," and sends a copy of the offending message to the company's servers, according to a report released Thursday by a Canadian online human rights group.
http://blog.wired.com/27bstroke6/2008/10...
е ова е дебаланс на моќта за кој зборам