Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Чекајќи го ИНФОКОМ...

пријавена од Damjaan пред 1 година, 5 месеци. (it.com.mk)

Во пресрет на овогодинешниот, 14-ти по ред ИНФОКОМ, се наметнуваат две прашања - што се случува со ИНФОКОМ – на што се должи константниот пад и тонењето на единствената манифестација од ваков вид кај нас? Дали овогодинешниот ИНФОКОМ ќе блесне со некогашниот сјај или ќе се загуби во сивилото на...

станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Покрај грамзивоста и глупоста на Саемот, заборавена е главната причина: Интернет!
    Денес имаме толку информации - бесплатно, во секое време, брзо и достапно, што саеми малку на кој му се потребни.

    Впрочем, доказ за тоа е и фактот декаа најпопуларниот штанд на сите времиња, на било кој саем е (тадаам!): „Лесковачка хармоника“ :)

  • +1 глас

    Инаку, добар и сериозен текст, пофалби за авторот.

  • +1 глас

    1. Infocom никогаш не сјаел. За да „сјае“, треба да привлекува 100k+ луѓе од сите континенти.

    2. Саемот е организиран и така примен од посетителите како компјутерски панаѓур на кој ќе си купат компјутер или опрема. Некои фирми дури и прават залихи на конфигурации за да оди продажбата полесно.

    3. А „константниот пад и тонењето“ се должат на фактот дека сме мал пазар и дека саемов (да се помириме со тоа) никогаш нема да стане светски познат.

  • +3 гласови

    ех, имаше таму некоја 94-та SGI станици, па шо знам Sun-ови, па чуда... беше интересно...

    после тоа само PC, Windows, PC, Windows и гејмерска галантерија... досадно

  • +2 гласови

    Само аман немој некој да почне како треба државата да помогне... Преку монитор ми е од таа „аргументација“.

    Ако постои интерес од сите страни, Инфоком ќе постои, ако не, ќе го снема. Тоа не е толку страшна работа.

  • +1 глас

    Хахаха, ме насмеа другар. Ептен си у право. Ма да ми недостигаат хостесите. :-)
    Со оглед на менталитет со кој управуваат ИТ фирмите, не ни заслужуваме да имаме саем, може нешо као "Компјутерски панаѓур уз роштиљ". :-)