Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Боледувањата проблем за софтверот на УЈП

пријавена од drugarce пред 1 година, 2 месеци. (www.dnevnik.com.mk)

Македонија - земја на информатичари! Хајлјат на сторијата, „доколку има само една грешка кај еден вработен, никој од фирмата нема да може да земе плата“. И можам да замислам што ќе се случи со фирмите со голем број вработени каде во овој период е нормално да има барем некој на боледување

станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +3 гласови

    [мрчење]
    Без навреда, но тоа се случува кога извесен професор (да не го споменувам), користи студенти за изработка на професионална апликација.
    Да не редам сега дека самата апликација е катастрофално испрограмирана, без чувство за кориснички интерфејс, згора на се`, во dotNET технологија.
    Зошто не се одлучиле за web-базиран пристап, не можам да си објаснам.
    Аматери, неуки аматери...
    [/мрчење]

  • +1 глас

    Make no mistake, во крајна линија и не е виновен „професорот“, туку тие што го прифатиле. Крајната некомпетентност, волунтаризам и бирократско размислување во УЈП постојано им се удираат од глава на нивните корисници.
    Уште од времето кога на еден финансиски инспектор, кој дојде во мојата фирма во контрола, морам да му објаснам „Што е ова мусе?“ (mouse), јасно ми беше како ќе заврши работата. По наш грб.

  • +1 глас

    Грнаров ли е... Михајлов ли е... Грнаров има дивижн и Оракл е скап за така ситни работи.
    Михајлов ќе да е.

    Погодив? :)

  • +1 глас

    Еве вака: Грнаров е поголем пиљар, а Михајлов елитист, забеган високо во облаци, па не гледа пред носот.
    Пиљарот ли е, ќориот ли е?
    .
    Пиљарот, нема зошто да се крие, всушност, потпишан е и во самиот софтвер. :)

  • +2 гласови

    Damn! :) Заборавив дека во УЈП имаат потреба од профи база.
    Така ти е кога не сме генерал-полковници на цела една дивизија Ванчо. :))))))))

  • +1 глас

    zlochko > "Така ти е кога не сме генерал-полковници на цела една дивизија Ванчо. :))))))))"

    јас > Не може. Дури и по некакво чудо да ја добиеш „политичката наклоност“ потребна за работа со државните институции, пак не ќе можеш да си го допазиш грбот од постоечките генерали кои се со рацете во медот. Е сега, ако не ти е мил животот и ако немаш семејство...

  • +1 глас

    аматери сите по ред! и тие што го нарачале софтверот, и тие што го правеле а и тие што го одобриле

  • +1 глас

    патем, у случај да било веб базирано решение ( а требало да биде ), не гледам ништо спорно ако користеле .NET технологија

  • +1 глас

    Да, нема ништо спорно, смо што ние, даночните обврзници, ќе си ја платиме лиценцата.
    Апсолутно е спорно!
    .
    Спорно е и нешто друго: од моја, програмерска гледна точка, .Net е крајно не-елегантен начин за програмирање на web апликации. Огромната количина на „шум“ што ја носи секој ваков проект само создава конфузија, непотребно оптоварување и килави апликации.
    Секоја апликација мора да има свој зен, да биде елегантна и lean-mean machine.
    Забегувам. :))

  • +4 гласови

    А истото важи и за веб апликации во JAVA! Пукнете душмани - PHP RULEZZZ!!!!!! :))))))))))))))

  • +2 гласови

    предпоставувам дека немаш многу работено со .net и затоа имаш негативно мислење за истата технологија.
    али пошто не е овде местото за таа „дебата“, ќе се повлечам :)

  • +1 глас

    vordan, за повеќето што го кажа се согласувам, но не ќе се согласиме за некои работи:

    1. Не мора да се плаќа никаква лиценца, бидејќи .NET SDK е бесплатен. Постојат бесплатни едитори (Notepad?), а и драјвери со кои може да се работи со MySQL - исто бесплатна база. Постојат и бесплатни веб сервери на кои може да се вози .NET. Значи, изборот на таа платформа не секогаш значи плаќање скапи лиценци. Е сега, ако сакаш Windows Server и MS SQL сервер, тоа е веќе друга работа.

    2. Анализиран од аспект на технологија и можности на јазикот, C#.NET е одличен јазик. Се надградува на Java и е навистина лесен за пишување и одржување. За него постојат огромни ресурси онлајн и офлајн, како и бесплатна и/или платена поддршка.

  • +3 гласови

    Таму (во УЈП) имаат MSSQL Server, Win Server и Oracle. Неизбежни се лиценците.

  • +1 глас

    ... но .NET и понатаму е бесплатен.

  • +1 глас

    3. Шум може да постои, но и не мора. Како и секој друг јазик за веб, и кодот произведен со C#.NET може да се оптимизира до совршенство, со валидни HTML и CSS, и со Section 508 compliance.

    Е сега, што со сето ова погоре ќе прави некој пиљар, тоа е друга работа. :-)

  • +1 глас

    Па, не е дека немам искуство со дотНет и C#.
    Имам два огромни проекти, каде што бев главен проектант, а богами и програмер. Едниот е домашен, а другиот веќе е имплементиран во 7-8 земји, за на крај да опфати 18.
    Свесен сум за сите предности на таа платформа, но и за сите недостатоци.
    Особено за signal-to-noise односот, кој е многу поголем отколку во PHP/JavaScript околината. Многу поголем.
    Всушност, ако земам да се самоанализирам (хех), највеќе ми пречи плаќањето на лиценци, дури и за развојната околина. Барем за тоа можеле да пуштат срце и да ја даваат, ако не бесплатно, барем многу евтино.

  • +2 гласови

    за развојната околина има Visual Studio Web Developer Express кој е бесплатен
    а сега постои и ASP.NET MVC, така да контролираш сам колку шум сакаш :)
    за серверските лиценци не правам муабет, пошто не ми одговара :))
    него да не испаднам евангелист на микрософт (не сум никако поврзан со нив), муабетот само ми беше дека пошто имам работено и со .NET и со PHP, за „ентерпрајс“ решенија според мене далеку во предност е .NET

  • +1 глас

    drugarce, ми спаси коментар. :-)

    vordan, за мојата точка 3, и јас ти зборував од искуство (види: http://geolearning.com/). :-)

  • +1 глас

    Како некој што го користел софтверот, гледам мала веројатност да се проблем боледувањата со оглед на тоа дека можноста за боледувања беше тука и работеше и во претходниот софтвер на ПИОМ (што е всушност истиот софтвер... :)).

    Но, денес во УЈП проблем беше тоа што не можеа да го тргнат она speciment што искачаше на извештаите додека бруто платава беше во тест период.

  • +1 глас

    Некои наши корисници пријавија проблеми. Не можевме да им помогнеме, за жал, но проблеми дефинитивно имаше, барем кај тројца „покомплицирани“ случаи (фабрики, многу вработени, боледувања, одсуства).
    Не можам точно да лоцирам каде е проблемот, но после субмитирањето, се враќа грешка и не се прифаќаат податоците.

  • +1 глас

    кај ни е платата цела !? :)

  • +1 глас

    За чудо, „Цела плата“ е активен.
    .
    Но, целиот сајт е чуден, само погледнете го кодот (со Web Developer). Деловите од сајтот се вчитуваат со ajax, има flash, но тој не се користи за калкулаторот, туку за банерот горе, и тоа само за да се направи фејд-ин...
    Чуден некој CMS.
    „Дизајнот“ е исто така за никаде: спејсингот е погрешен, висината на елементите чудна (главната содржина се скролира, но и целата страница - треба или едно или друго), контејнерите за текстот не скалираат, генеричките слики-илустрации немаат врска со текстот, копчето i (за информации) всушност не прави ништо - не е копче...
    Можам да им најдам уште 100 маани.
    Катастрофа!
    Ме потсеќа на софтверот за плата, оној од пиљарот. Изгледа исто потекло имаат - се вежбал некој студент.