Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
R.I.P. IT.mk
станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Технологија
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Нормално е сам да ги објавува, бидејќи откако ќе ги напише, тој е првиот кој знае дека истата е објавена и при тоа ја споделува веста со светот. Ова придонесува за свежина на кајмакот..
Што би било кога би чекале некој после 3-4 дена да ја објави статијата тука, кога веќе повеќето ја имаат прочитано? Old content :)
И не е као, Дајман пишува статии секои 2-3 саати, па спамира LOL
Мислам дека наместо вакви попувања, треба да се даваат повеќе коментари во врска со самиот линк :)
Да, сам ги пријавувам статиите. Има нешто лошо во тоа?
Нема. Се додека се прави во умереност.
Глиша, а како се мери умереност? Има некој (јавен) критериум? :-)
Не гледам зошто воопшто би се расправало за тоа дали линковите што се предлагаат се „свои“ или „туѓи“.
За да се избегне арбитрарност, ако веќе се врши таков вид цензура, односно филтрирање однапред, тогаш во секој кориснички профил ќе треба да има и полиња со кои корисникот ќе треба да пријави „конфликт на интереси“, односно да каже кои се „негови“ сајтови. Потоа системот ќе треба да предупредува „биди умерен/а!“ кога при внесување линкови од тој домен. Па некој ќе треба и да проверува дали секој корисник ги внел сите сајтови со кои има врска, или слично... Ми изгледа како непотребно комплицирање и создавање одбивност?
Нели е подобро да се остави да си пријавува секој што сака без притисоци, па ако нешто им се допаѓа на другите ќе исплива. Што е и во основа поентата на системов.
Упс, извини Јанко, прашањето до тебе сум го насловид до Глиша.
гуд кеч, развигор.
Никаде нема цензура за пријавување свои статии. Како што рече неможе ни да има.
Инаку со самото тоа што велиш дека не треба да се расправа ти правиш обид за цензура. :)
Јас мислам дека блог-спам е лошо и дека добро е да се дискутира на таа тема за да се едуцираме меѓу себе.
Ако видам дека некој нон-стоп праи блог-спам едноставно ќе почнам да му ги игнорирам статиите и нема да ни ги кликам, камоли да гласам за нив.
Исто како што обратно имам оформено мислење за некои корисници па прво им гласам за пријавените статии пред да видам што е линкот.
Убеден сум дека и другите прават слично.
> Јас мислам дека блог-спам е лошо
Клучниот збор е спам. Убаво си пишува во линкот. :)
(* истиот линк е од горе) http://kajmakot.softver.org.mk/seshto/Bl...
Ветувам уште овој линк само. :)
Еве го моето гледиште за пријавување сопствени статии на дело: http://kajmakot.softver.org.mk/tehnologi...
А и без да ја пријавеше ти, најверојатно јас ќе ја пријавев дека е добра статија :)
Добро бе Дамјан шо се палиш одма. :-)
статиите од дамјан се сосема ок и се информативни, плус не се за политика.
Тажна приказна административна :)
Тоа е пријателе, таму седат воглавно копуци кои интернетот го користат за да си проверат меил, а компјутерот да изиграат една партија пасијанс.
Our computers are down, so we have to do everything manually...
Се согласувам со Развигор. Нормално е секој да си пријавува статии што мисли дека се важни. Исто така, нормално е бидејќи човекот е субјективно суштество, повеќе да пријавува свои ставови (доколку има) или статии во кои има ставови блиски до неговите.