Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Апсолвентите и годинава ќе добијат ваучери за компјутери

пријавена од vordan пред 1 година, 5 месеци. (www.makfax.com.mk)

Само се надевам дека овој пат ќе го спроведат она што го предлагаат ИТ компаниите за да се намалат злоупотребите. Лани не` слушаа, но не не послушаа. Во секој случај, добра акција.

станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Каде беше ланскиот проблем? Одеднаш се „створија“ фирми кои наводно продаваат компјутери, а всушност беа перални за пари. наша (на ИКТ комората) проценка е дека околу половината од парите (1 мил. евра) се одлеаја на овој начин.
    Не беше прифатен предлогот ваучерите да можат да се трошат само во фирми кои се членки на ИКТ комората и/или на Масит. Бидејќи ние примаме исклучиво ИТ компании за членки, јасно е дека тој вид на измама многу ќе се намалеше.
    Се` напраивме - состаноци, писма, мислења, заеднички настап со масит, но не не` послушаа.

  • +3 гласови

    но дали е уставно да се ограничи на тој начин. исто така знам членки на вашата комора која наместо компјутери вршеше замени на делови и ги раздолжуваше преку компјутерите кои беа купувани без ваучери.

  • +1 глас

    Ваучерите се со строга намена, па според тоа, може и да се ограничи достапот до нив. ИКТ Комората има за цел да ги заштити своите членки и да им овозможи поголема заработка.

    Ние, исто така, забележавме на тоа дека мораат да се земат само конфигурации, па попуштија и дозволија и монитори и принтери. Нашето барање беше да може да се набави било каква опрема, бидејќи е веројатно дека еден апсолвент ќе има некаков компјутер.

  • +2 гласови

    Уште да имаше поента членувањето у тие комори и чуда, се ќе беше полесно. :-)

  • +1 глас

    Има многу избори кои мора да ги направиме во животот: кои чорапи да ги облечам, белите лонгети или црните со компир на петицата, дали натпреварот од трета чешка лига помеѓу Запрдени и Пуваник е нула или фиксен кец, дали Т-Мобиле, Космофон или ВИП (или сите се исто ...)
    :)

  • +1 глас

    Најјако од се лани беше што ниедна комп. фирма не се рекламираше на интернет. Уште полошо, некои реномирани фирми имаа ставено само промотивен флаер (јпг слика) на нивниот сајт, а некои и немаат веб сајт.
    Како ќе биде годинава?

  • +1 глас

    Се согласувам - ситуацијата со сајтовите е воглавно јадна и бедна.

    Олеснителен фактор за ИТ компаниите е тоа што не можат да продаваат преку Интернет (поради познатите проблеми со банките), па и немаат некој голем мотив да прават поелаборирани сајтови.

  • +1 глас

    Знае некој како иде ова? Треба да се пријавиш ако си апсолвент? Каде треба да се пријавиш? До кога? Може ли да снема ваучери? итн...

  • +1 глас

    Без разлика на тоа што не можат да продаваат преку Интернет. Ако не се рекламираат компјутерските фирми, зарем да очекуваме некоја фирма што произведува шајки да се рекламира?

    Плус тоа, токму во тоа време случајно бев во едно студентско интернет кафе. Луѓето се распрашуваа кои им се интернет сајтовите на фирмите. Жално....