Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

5 чекори до подобар CSS

пријавена од Delicon пред 1 година, 1 месец. (deliconinteractive.com)

Во зависност од вашето искуство, кодирањето на CSS понекогаш може да излезе од контрола. Со следењето на овие 5 едноставни чекори може доста да си го олесните вашиот живот :).

станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Ова веќе станува сериозно корисен сајт, особено за почетници во веб-технологии.

    Ми ги издаваат занаетчиските тајни! :))

  • +6 гласови

    Треба и другите да научат нешто повеќе. ;) Доста беше користење на готови темплејти веќе.

  • -1 глас

    аа.. од мрза не се умира... не знам од искуство многу тешко да натераш некој да се откаже од табели

  • +1 глас

    Точно е тоа дека е тешко некој да го натераш да се откаже од табели, но лесно е некој почетник да го поставиш во правилна насока.

  • -1 глас

    Кај вика да се откажеш од табели, а и на крај краева што му фали на табелите, никогаш не ме изневериле за layout за разлика од смотаните div-ови

  • +2 гласови

    Има повеќе причини зошто да не се користат табели за позиционирање. Да не ги наведувам, лесно се наоѓа на Интернет.

    Една од главните предности е што подоцна, само со помош на CSS, можеш комплетно да го смениш layout-от на страната, додека во спротивниот случај, тоа ќе бара друг HTML темплејт.

    Втора поважна причина е што елементот TABLE се користи за табеларно прикажување податоци, па неговата поинаква употреба го прави сајтот unaccessible, што би ти ја исфрлила апликацијата од трка за некој државен тендер, барем во некои држави, на пример. Истиот requirement за accessibility го поставуваат и приватни фирми во последно време.

  • -1 глас

    Направив мало истражување низ интернет и сега сум уште повеќе убеден дека нема да се откажам од табелите :). Ниту еден аргумент не е доволен за некористење на табелите, а за layout и за формулари не гледам поубав начин од табели (ок можеби не знам толку CSS, :) не ми треба, си ги имам табелите)...
    Најчесто не ми треба преку CSS да променувам комплетно layout, оти секој ХТМЛ код ми е генериран преку темплејт и ако ми треба само темплејтот ке го сменам (полесно отколку CSS фајл да променувам).
    Accessibility не ме интересирало, а и не сум убеден дека со табела не може тоа да се постигне. А за да се гледа страната на помали уреди, мобилни, се прави нова страна специјализирана за тоа...

  • +1 глас

    Еве неколку линкови кои се со моето мислење:

    http://olav.dk/articles/tables.html
    http://iamelgringo.blogspot.com/2009/02/...
    http://iamelgringo.blogspot.com/2009/02/...

  • +2 гласови

    Само продолжи вака, Delicon.