Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Кога ќе завршат Олимписките игри, и понатаму ќе се зборува за еден посебен детал од трката на Мајкл Фелпс на 100 метри пеперутка. Дали Американецот навистина победи, и дали ден потоа навистина го сруши рекордот на Марк Шпиц?
станала популарна пред 1 година, 7 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Спорт
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
... и дали Американците се спуштиле на месечината?
... авионот не удри во Пентагон!
... и Елвис е жив!
... и Аркан е жив!
(ах, да - и „Омега“ има човек кој може да реагира во илјадинка од секунда. Спајдермен, претпоставувам. Или Бетмен?)
ЛоЛ
Зошто лол? Не ја гледав трката, ама според тие неколку фотографии мислам има доволно материјал за да се покрене сомнеж.
Нема сомнеж бе! Тоа е исто со цицките на Пинк, и не го приметуваш не-пеењето.
лол беше за коментарот на вордан :)
инаку да, интересна содржина мора да речам.
Де бе вордан, не сме 1908 па мерењата сеуште да се вршат со стоперица. Човечка реакција не е потребна. Мерењата се компјутерски, а луѓето се доволно паметни за да вметнат во својот софтвер една линија која ќе функционира на принцип - „ако Фелпс изгуби за ХХ стотинки = прикажи дека Фелпс победил за 1 стотинка“.
Гледај слики, гледај видео... Ни Чак Норис не може да победи без да ја допре целта.
Се` е работа на перспектива...
Ако ги прочитате „досието“ на Њујорк Тајмс за Мајкл Фелпс, таму ќе најдете само пофалби (http://topics.nytimes.com/top/reference/...)
А ако ја прочитате и сторијата (некаде во првата третина на страницата) во која се објаснува одбивањето на ФИНА да ги прикаже снимките (што е прикажано како крунски аргумент дека некој нешто мати), ќе видите дека извршниот директор на ФИНА изјавува дека „српските официјални лица ја виделе снимката и се согласиле дека Фелпс победил“. Сето друго би било валкање на победата на еден исклучителен спортист.
И уште нешто: сето ова паничарење ми смрдуцка на „вечната дружба на православните браќа србите и македонците“. Да си го браниме „нашиот“ Чавиќ.
А дека не зборам глупости ќе се увери секој кој ги слушнал рафалите на славење на победите на српските спортисти, во сред Скопје - непропроционално многу во споредба со бројот на вистински Срби.
Србоманишта. :@
Ја гледам дека у еден фрејм и двајцата не го допираат, а во наредниот фрејм и двајцата го допираат, при што рацете на Фелпс се свиткани, а Србендата со прстињата го допира (ѕидот де :))). Дланката на Фелпс му е веќе залепена, тоа е поради тој вториот Њутнов закон чинам.
Точно, не е Фелпс Чак Норис да го бутка ѕидот :))
Во крајна линија, меродавни се само сликите и видеото кое го има ФИНА. Сето друго се шпекулации.
Е сега, ако почнеме да тврдиме дека и Омега и ФИНА се здружиле во преварата - а да не ги заборавиме и српските претставници на МОК кои се согласиле дека Фелпс е прв ... испаѓа меѓународен заговор кој може да го организира само Dr. Evil.
Вордан, каков ми е сега риспонсот :)
Инаку, во право си, заговорот е мегало. A штом е мегало, и Грци има умешано. Сигурно тоа е ради спорот со името.
...Phelps won the same event in similar fashion at the 2004 Olympics, out-touching American Ian Crocker after trailing and winning the gold by .04 seconds.
(цитат од истиот линк)
значи не само македонското новинарство е смрдеж.
кој дркаџии се собрале да изиграваат м-експрес.
фелпс е историја и тоа треба да го сватат, а со овие нивни свршавања овде нема да може ни на нивните внуци да им се трофејат!
предлог: да се преименуваме во Планета МРЧ.
шо не направат фото компарација од другите трки. особено од првата штафета кога го сменија рекордот за 5 секунди, а Фелпс пливаше прв. Уште после почетното нуркање Фелпс имаше пола тело предност, а на 50 метри беше цело тело пред нив....
ааа, знам, друг е муабетот таму, се дрогира :)
Користи специјална финта, dolphin kick, после секое свртување и старт, доста голем дел го поминува подвода како делфин...ова важи само за слободен стил.
Слушајте луѓе и послушајте... На кајгана ексклузивно, Кинеско-Американско-Српски заговор! :)
Па што да не не се дрогира. Наркоманиште едно се прави пливач како не му е срам. ;)