Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Македонскиот репрезентативец го прекинува два и пол месечниот пост во италијанската Серија и ја разубавува својата кариера во италијанскиот фудбал со хет трик..
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Спорт
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Браво мајсторе!
Горди сме што имаме вакви сонародници.
шо знам, живее во Италија, плата добива итаљанска, даноци плаќа на Италија, сигурно и пасош нивни има (кај иначе ќе се мачи со нашиот) ... евентуално ако игра за репрензентација да имаме нешто врска со типот, инаку не ја дели баш-баш македонската судбина.
Е не, овде ќе игра - Орце факинг Камчев да му биде спонзор.
.
БТЊ, прашај било кој football-loving Италијанец (а кој не е таков?) дали чул од каде е Пандев, и ќе ти каже: „Македонија“, со насмевка на лицето.
А ако прашаш за Љубе Бошковски, ако воопшто се сети, ќе го поврзе со геноцидални манијаци.
.
(се разбира, Љубе Бошковски ќе ни биде следниот претседател).
ех, кога бев на факултет немаше македонски познати спортисти во странство, па разликата помеѓу БДП и БНП ни ја објаснуваа со србите во итајланска лига.
сега веќе не мора така. ете уште една корист од тоа што пандев дал хет-трик. :)
мада мора да се признае дека првиот гол што го дал, беше чиста шашма.
Мене Пандев (Гочето) ми е сограѓанин. Тоа ме прави уште погорд.
Секоја чест за целиот успех што го постигна и уште го надоградува. Му претстои уште неколку години блескава кариера, а веројатно и добар трансфер.
Ама, (нели мора да има барем едно ама) Пандев во репрезентацијата е бескорисен. Дали овде има удел Катанец, дали странско осигурување, дали самиот Горан гори во желбата, не знам. Ама факт е дека на секој 10 настапи има барем еден надпросечен. Никогаш не бил ни блиску до Наумовски во кошарката или Манасков во ракометот.