Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Ова е дел од макетата за тоа како ќе изгледа градскиот стадион во Скопје. Централно место на стадионот ќе завземе статуата на македонскиот крал Филип II.
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Спорт
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Неможам да оценам дали ова е заебанција или стварно?
И да е заебанција и да е стварно, јас мислам дека статуава треба да стои на сред терен - ДА СЕ ЗНАЕ!!!
озбилни се овие брат, не се заебаваат
Ма што ќе ни е стадион, треба само споменик, поточно споменици и мавзолеи на антички ликови да градиме..
Тек кога ќе го видите Александар на сред плоштад...
Ама јас сакам фонтана таму... летно време има фатаморгана на плоштадот од што е суво и постарите паѓаат у несвест. :(
Што е важно што сакаш ти? :)
Има неофицијални информации дека статуата била висока околу 30 метри...Кој да го знае дали е точна.
Јас мислам дека стативите треба да бидат во облик на Филип 2 или барем лавови.
во фудбалот да се воведе правило: задолжително носење на штит со сонцето од кутлеш
Вака сеа, информации од прва рака. За стадионов кој што најчесто го посетуваат меѓу 100 и 500 гледачи (сем за меѓународни натпревари, кога пак не е исполнет сегашниот капацитет), владава наша, во година на рецесија, ќе потроши 70.000.000 долари (да, 70 милиони).
Добар дел од парите, ќе одат за голем број на статуи на Филип и Александар, не само на таа од сликата. Мислите дека се многу пари?
Сетете се на расправата за буџетот за 2009та, и одвоените 8 милиони евра за статуите на мостот Гоце Делчев во Скопје.