Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Треска, Вардар, ние и Грците

пријавена од sead93 пред 1 година, 8 месеци. (blogatash.blog.com.mk)

Извонреден колаж на теми и тези кој открива повеќе и од Вест: „има 32 букви во азбуката на нашиот македонски литературен јазик“, „Вардар се влева во Треска“, Грците се говеда (зборот „грекс“ (grex) значи буквално – „стадо“ (овци) или „крдо“ (говеда), Аристотел е познат само заради Александар и.т.н.

станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Сешто

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Еве уште една теза: „Кирил и Методиј биле Грци“. Извор: учебник по македонски за прва година (у мое време).

  • +1 глас

    Светите браќа Кирил и Методиј по татко се Грци, а потеклото на мајка им не се знае, според една теорија Словенка, но има пронајдено документи, каде пишува дека таа е од Грузија.

  • +2 гласови

    Исто на македонската википедија...

    Него вчера на Томиќ гледав еден декан на наш факултет кој вели „Големиот македонец Аристотел кој ја пренел македонштината на Александар во отсуство на таткото Филип кој го ослободувал светот“... WTF?!

  • +1 глас

    Генерализација базирана на искуство. Во државава има 3 типа на луѓе:

    1. Луѓе кои пречесто ја употребуваат фразата „Абе остај го... македонче“. Помалку или повеќе комплетно неспособни да ценат било што македонско. Све што не е од тука е подобро. Од нашето - ништо не чини. Овие во Грција кога ќе ги прашаат „од кај си?“, велат „од Скопје“.

    2. Релативно нормални, кои не се срамат јасно и гласно да кажат „јас сум Македонец“, па дури и одвреме навреме да се чукнат во гради поради тоа.

    3. И последните, кои каде и да отидат - ја споменуваат и сметаат дека треба да ја шират МАКЕДОНШТИНАТА (брррррр...). Од овие бегај ко слеп од стап. На исто ментално рамниште се со националистите во Грција и Србија.

  • -1 глас

    Според сите извори, Аристотел бил Македонец. Грците мислам дека не го спорат тоа. Тие спорат дека Македонците не биле Македонци, туку Грци.

  • +2 гласови

    Перо, кои се тие „сите“ извори. Те молам наведи барем еден релевантен - за доброто на Македонија.

  • +1 глас

    Aristotle was born at Stagira, Chalcidice, in the year 384 B.C. His father, a Macedonian named Nicomachus, was a physician in the court of Amyntas II, King of Macedonia.

  • +1 глас

    Ок, се извинувам, не според сите извори, туку според најголемиот дел извори.
    Проблемот е што ако барате биографии за Аристотел, ќе најдете дека бил Грк, но тие толкувања се такви затоа што благодарение на грчките пропаганди: Macedonia is Greece, тоа е исто како во биографијата на дедо Иљо Малешевски што стои дека е Македонец, а не Шоп.
    Но ако читате семејна историја за Аристотел, писма што ги пишувал, и така натаму, ќе видите дека тој има против Грците, и е наклонет кон Македонците. Ако не бил Македонец, значи бил грчки изрод.

  • +1 глас

    Ние сме славомакедонци. Крај.

  • +1 глас

    +уште ова.
    Отсекогаш сум се чудел зошто луѓето се вреѓаат ако некој ве нарече „славомакедонец“.

  • -2 гласови

    Кои сте тие вие? Ве има многу?

  • +1 глас

    Не, ама се котиме како вирус.

  • +1 глас

    Добро е, оти вирусот брзо и умира.

  • +2 гласови

    Зависи што подразбираш под славо-македонци. Може да ми појасниш, па јас ќе ти кажам дали сум навреден или не.

  • +2 гласови

    САМО ШТО ГО ПРОЧИТАВ ТЕКСТОТ!!! АЛАЛ ДА МУ Е НА АВТОРОТ. Не знам кој е... ама секоја чест. Ги изрезонирал фантастично добро нашите односи со Грција!