Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Сегрегација во образованието

пријавена од ribaro пред 1 година, 1 месец. (sataniel.blog.com.mk)

„Доколку ние навистина имаме намера да живееме заедно и да опстанеме како мутлиетничка држава, тогаш македонското општество кога тогаш ќе мора да го отвори проблемот на институционалната сегрегација...“

станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Сешто

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Јас исто сметам дека треба сите заедно да живееме без воопшто да не' интересира етничката припадност на нашите пријатели и колеги. Во тој правец се трудам и со објаснување да ги исправам ситните етнички негативни забелешки кои мојата ќерка неколку пати ги „собрала“ на училиште.

    Но ако зборувам како родител на кого детето му го тепаат по ЕТНИЧКА основа банда хулигани, родител кој не знае во каква состојба ќе му се врати секој ден, тогаш јас прв ќе го „сегрегирам“ и ќе го ставам во најбезбедното за него училиште. На пример, во Струга има приватно турско училиште, Јахја Кемал. Сигурно повеќето родители стружани, кога би имале пари, би ги запишале децата во оваа етнички толернатна и образовно супериорна институција.

    Толку за разликите меѓу теоријата и праксата на меѓуетничкиот соживот.

  • +3 гласови

    проблемот со сегрегацијата е дека не го решава проблемот, туку го заташкува додека не ескалира во многу поголема форма.

  • +3 гласови

    Апсолутно точно. Затоа треба да се потрудиме да имаме безбедни училишта во кои нема да се генерира етничка нетолеранција. Со тоа ќе ја елиминираме потребата од оваа присилна сегрегација, или карантин, би рекол.

  • +3 гласови

    Нели и тие црнците ги тепаа во САД кога прв пат дозволија да учат во исто школо? Па федералната влада ги бранеше од локалните шефири? По ѓаволите, ова што ние сега како општество го добиваме (а се чини и мнозуна го посакуваат), е истото она против кое се бореше црнечката заедница во САД.

  • +3 гласови

    Абе Новица, групирањето во етнички трла може да го посакува некој радикал со изместени вредносни критериуми, додека нормалните луѓе не сакаат воопшто ни да се оптоваруваат со мислата дали нивните деца се безбедни или не. Тоа е императив кој е далеку НАД желбата за етнички соживот. Не дека се помалку или повеќе важни за едно општество, туку за родител кој праќа дете во училиште. Алгоритмот е:
    if (дете е безбедно) {
    учи;
    се воспитува;
    се дружи;
    ...
    }

  • +2 гласови

    Абе GoodBytes, мојот коментар беше од една хм... општествена перспектива. Може така ограничена бидејќи сѐ уште немам деца. :)

  • +3 гласови

    Да, еве ти уште едно:
    if (родител вели дека за се` е виновна другата националност) {
    детето станува националист и „расисшт“;
    }

  • +3 гласови

    Нема ова врска со нашите добри желби.
    Ова е предизборна активност.
    Гледате дека вчера пола влада отиде да навива за сегрегација. Знаете зошто? За да ги добијат гласовите на Македонците во тоа подрачје. Многу налево им забегаа.

  • +1 глас

    еве поинаква перспектива што дава надеж... за соживот. Од мали нозе. Сред Јегуновце.

    http://www.ibps.ndcskopje.org/documents/...

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1E613...