Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Ubuntu е оперативниот систем што ќе се користи во сите македонски средни и основни училишта, на компјутерите што ги купи владата на РМ како дел од проектот „Компјутер за секое дете“. Помогнете и вие да се осигураме дека нашите деца ќе имаат можност да се образуваат со помош на софтвер на македонски.
станала популарна пред 2 години | проблем? | кој гласал? | категорија: Сешто
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
ISO-то за било кој дневен билд на Hardy можете да го подигнете и под било која виртуелна машина, значи не мора да го тестирате. За GNU/Linux препорачувам: Qemu, Kvm и VirtualBox. За Windows и GNU/Linux имате и VMware. Стојам на располагање за помош околу поставување на виртуелната машина или што и да е друго.
Упс, мислев не мора да го *инсталирате* за да го тестирате. :)
Ќе ги купи? Нели веќе биле купени?
Упс... ми се видело ќе таму горе. :)
Би помогнал доколку Ubuntu ми ги препознаеше безжичните USB типковница (Trust) и глушец (Logitech), а и мониторот (Philips)не ќе беше лошо да работеше за да можев барем да видам како изгледа ако ништо друго (се лоадираше сам затоа што неможев да одберам ништо поради непрепознавањето на глушецот и типковницата, a веднаш по лоадирањето се изгуби сликата а на мониторот се појави порака да вратам на 1280x1024 @ 60Hz за да се гледа слика).
Кое Ubuntu си го пробал? Со 7.10 не би требало да има никаков проблем со ниедна компонента од овие што ги наведе.
6.06
Одговорот е едноставен: надградба. :)
Епа со Windows не треба надградба, све работи од прва :)))