Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Внимавајте кога бирате туристичка агенција, она што се ветува не е она што се добива!
станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Сешто
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Не ми се јасни луѓето кои доброволно плаќаат (а никој не ги тера) како стадо овци да ги шетаат по стари камења, да спијат по субстандардни хотели, да се возат со смрдени автобуси, да јадат очајна храна и, општо земено, да се малтретираат до бесвест.
И не ми е јасно зошто очекуваат дека за мали пари ќе си поминат на било кој друг начин освен на погоре опишаниот.
Логиката зборува дека ако одиш со евтина тура, ќе си доплатиш се` што треба на лице место, а згора на се` ќе ти се онаква мамето мамино.
Е да, кога ќе дојдеш од одмор во канцеларија, ќе кажеш дека си бил(а) во Венеција.Чаламот е голем мотиватор.
Всушност, така им треба.
1. Текстов е од минатото лето, август 2007, колку да се знае.
2. Изложеното отвора повеќе прашања, од деловноста и професионалноста на агенциите, преку неморалноста на зависните весници, па до подмитливоста на инспекциските служби. Коментариве некако не се соодветно место за таква мулти дебата.
3. Мене ми е доволно тоа што постои сомнеж за непрофесионалност на Нехар, па најверојатно ќе избегнувам да ги користам нивните улсуги.
Проблемот го гледам малку поинаку: ако јас, како давател на било каква услуга, велам дека мојата услуга чини толку, тогаш мора да ја завршам работата за наведената сума пари и нема тука ама знаеш, ова-она, нема да те чини Х туку чини 2Х денари. Исто така, ако јас како примател на услуга плаќам Х, очекувам цената да биде Х денари и услугата да се состои во тоа, што е наведено. Уште полошо е ако текстот е од минатата година, бидејќи и годинава се случуваат исти работи, а никој не реагира. Настрана прашањето за луѓето што склепале нешто пари па посакале да излезат надвор, за што е можно помалку пари (Схипхол-Барселона повратна авион 60 евра, Скопје-Схипхол повратна авион 360 евра, отприлика исто растојание, откријте кој е лудиот?)
Да, да, гледам дека исправно размислуваш. Човек треба да го добие она што го платил.
Успат, ако си заинтересиран, имам на продажба недвижнина, во центар на Скопје - солидна градба, од камен, во непосредна близина на Вардар, всушност *над* реката е. Името и` е „Камени мост“. Јефтино, цена - права ситница.
:)
Купено, можеш да си ги подигнеш парите на сметката кај брат му на Бинг :)