Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

На што се палат тинејџерите?

пријавена од Igorce пред 1 година, 4 месеци. (zdravo.com.mk)

Децата чии родители растеа со рокенрол, сега созреваат со турбофолк и сапуници. Нашите најмили уште неизживеани бегаат од стварноста, а со тоа и го губат индивидуалитетот и лесно се претопуваат во толпата поклоници на „врвните уметнички квалитети“

станала популарна пред 1 година, 4 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Сешто

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +4 гласови

    Евтини, а не ефтини.

  • +2 гласови

    Леле ова колку мал проблем е. Кога бев средно си викав, зошто слушаат Цеца, зошто не слушаат Флојд, Дорс и компанија.

    Сега си викам, камо ли сите да слушаат турбо-фолк а да се посвесни за останатите 3 милијарди работи што остануваат за освестување во животот. И вистина го мислам тоа.

  • +1 глас

    п.с.

    единствена солуција е револуција.

  • +1 глас

    грешка! медиумите за мене немаат никакво значње, посебно не во ова време. воопшто не ми е гајле дали турбо музиката ќе биде на телевизија во 95% од случаите и дали ќе има по 8 часа дневно на секоја национална телевизија шпанска серија. тие не се диктатори на она што би било мој вкус.
    во време кога интернетот ми е на click away и кога за 30 минути можам да си download-ирам филм по мој вкус (колку и да ги сметам за глупави американците баш добро знаат да го дефинираат поимот entertainment) ми преостанува само да се молам моето дете да се воспита :D како мене.

  • +3 гласови

    Да се помолиме и за децата што ќе бидат генерација на твоето. :)

  • +4 гласови

    Децата се колатерална штета. Родителите гледаат турбо фолк, а со тоа го оправуваат и гледањето на децата. И после дигаат узбуни кој бил крив шо „се снимале со мобилните у вецето“.
    Нека каже некој родител дека му е криво што неговото дете слуша и гледа турбофолк, па нека се погледне во огледало, веројатно носот веќе му е продолжен за некој сантим...

  • +1 глас

    Па најтажното е што “родителите“ се вадат со изреката “западот ве израсипа“...

  • +2 гласови

    а ако текстовите им се пресудни, може да го слушнат и овој текст, и тој е „турбофолкерски“: http://marketthink.blogspot.com/2008/10/...

  • +2 гласови

    и уште нешто, видете на сајтов горе-десно кои статии се најпопуларни. Гоце Бананата?!?
    и сега овој сајт изиграва некоја критична маса? абе ај...

  • +1 глас

    Бран од бои, форми и звуци концепиран специјално за младите наметна водечкиот музички канал „ЕМ Ти Ви“.

    ХАА!!! Па нема ли и тука женско голо месо?!?! На МТВ сервираат поп музика, и таа е уан деј стенд.