Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Мизеријата на македонското (интернет) општество

пријавена од kotle пред 1 година, 3 месеци. (novica.softver.org.mk)

Зачудувачки е колку многу џева се крена за една ненамерна грешка на страницата на Mozilla за Firefox на македонски јазик.

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Сешто

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    There is no such thing as BAD publicity. :-)

  • -2 гласови

    Па да... затоа и не го поправивме веднаш... туку чекавме да видиме до каде ќе се дува балонот.

    Но, коментарот не ми е за публицитет, туку за демагогијата (или што веќе) на форумџиите и сл.

  • +1 глас

    Македонското „интернет општество“ е одраз на македонското real-world општество. 90% се овци, заводливи по било кој тековен авторитет, со ментален капацитет на сериска порта - премногу информации, и настанува buffer overflow, гледање во празно и пуштање лига од аголот на устата.

    Ниту треба да се нервираме многу, ниту да го земаме предвид мислењето на „масата“, тие се ирелевантни.

  • +3 гласови

    Јас уште не разбрав како и зошто се случи „ненамерната грешка“. Не дека нешто многу се трзнав, туку чисто ме интересира зошто се стави. За зез?
    И не знам зошто се трошеше енергија за да се испита како трзаат Македонските форумџи, блоераџии... не знам зошто би се разликувале од останата маса.

    Мене многу, ама многу, ме вади од такт кога во списокот на јазици во повеќето апликации го нема Македонскиот јазик, а има дијалекти на Банту...

  • -1 глас

    @igorkrst, ненамерната грешка се случи вака: јас го зедов оригиналниот фајл за превод и во него имаше клингонски. бидејќи е нова страница во прашање, контекстот го сфатив дека фајрфокс е преведен на толку многу јазици, па дури и го има на клингонски, и така го преведов. но, мозила го ставиле клингонски како плејсхолдер за локалниот јазик - што го сфативме прилично брзо, но топката по форуми веќе почна да се тркала.

  • -1 глас

    > Мене многу, ама многу, ме вади од > такт кога во списокот на јазици во > повеќето апликации го нема
    > Македонскиот јазик

    а инаку, firefox и сл. веројатно ќе бидат во повеќето апликации од сега, бидејќи не планираме да продолжиме да го правиме преводот. :)

  • +1 глас

    Нема македонски затоа што никој не го интересира да има македонски. И тоа што е сработено до сега пропаѓа поради тоа што 2ца без 3ца у државава го работат тоа со години без никаква поддршка од никого. Ваквите проекти ДУРИ и во околните држави се финансиски помогнати од владите или претседателите, кај нас за жал никој не го интересира тоа.

  • -1 глас

    Мхм. Значи мизерија се тие што ја забележале грешката, а професионалци се тие што не прекрстија во Клингонци. Про до срж. Има логика :)))

    И навистина не ја сфаќам поентата околу цмиздрењето како тоа сме го забележале ова, а не повиците за превод и тестирање. Официјалната страна на Firefox на македонски ја има посетено речиси секој корисник на овој прелистувач. Блогот, дури сега го дознавам. Мора да размислите за подобро промовирање. Можеби има кандидати за помош (како мене) кои воопшто и не стигнале до блогот. Да му се сневиди, статијава (http://mozilla.blog.com.mk/node/196447) има 84 прегледи од 2 декеmври. Сигурно 1/2 од нив се направени од Google ботови.

  • -1 глас

    #морав во нов коментар, макс. 900 карактери#

    Јас навистина го ценам вашиот труд, но ако ова е направено со цел да се привлече внимание и по цена на прекрстување на македонскиот јазик во „клингонски“, ептен е невкусно и неморално. Дури и да е навистина ненамерна грешката, мизерија е да го нарекуваш општеството мизерно затоа што реагира за преименување на македонскиот јазик.(m

  • +2 гласови

    Acid не знам дали го прочита коментарот од новица... случајна грешка беше.

    Мизеријата е како луѓето одеднаш се активираат да ја бранат честа, името, идентитетот, а не се воопшто спремни да одговорат на повик да помогнат да се направи нешто суштинско во врска со тоа.

    Повикот за помош не беше оставен само на блогот туку и на повеќе други форуми каде што наиде на молк - истите кои потоа беа најгласни.

  • +2 гласови

    Подобро ќе беше да е намерно. Иначе ваква глупост ретко кој може да направи.