Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Ана Пејчинова ги споделува своите искуства низ совети, линкови, препораки...
станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Сешто
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Убаво што Ана го споделила своето искуство, навистина може да биде корисно за некого.
Но, не можам а да не кажам дека целиот концепт на текстот ми остави горчина во устата: ако си супер човек приватно и професионално, ако си успешен, образуван и мотивиран за работа, оди пријави се некаде џенем, потпиши тестамент, акај се и по кризни подрачја, најверојатно упропасти си го семејството и заборави каде ти е домот. Сега, твојот „успех“ ќе се мери со тоа што наместо 300 евра, ќе земаш 3.000, наместо Југо, ќе возиш Мерцедес, а наместо во 100 квадрати, ќе живееш во „gated community“, во куќа од 500 метри квадратни и двор од 2.000 (w/ pool, barbecue & cabana), а гаражата ќе ти се отвора со далечинско - само што ретко ќе си тука за да „уживаш“ сам во тоа. Yes, малце црно го загледав, но секако не е ни толку бело одењето во „белиот свет“.
Точно моите мисли, Гудбајтс.
Всушност, ако си способен и те бива, може сосема добро да се живее и во Македонија. Веќе постојат и македонски компании кои на ваквите луѓе им даваат добри работни услови, можности за напредок, па дури и пристојна плата (за македонски состојби).
Според она што јас сум го гледал, во странските фирми секогаш те третираат по малку како нееднаков, некој кој треба се` да слуша и најмногу да работи.
„... во странските фирми секогаш те третираат по малку како нееднаков, некој кој треба се` да слуша и најмногу да работи...“
- Биди среќен што сме те вработиле! ;-)