Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Како Коце го рестартира часовникот

пријавена од ribaro пред 1 година, 1 месец. (www.youtube.com)

Коце го исполнил ветеното :)

станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Сешто

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +5 гласови

    Идиот.
    Вика, па тоа е само предлог, ако е напишано во програмата тоа немора да се исполни.
    Идиот.
    Грујо треба да го повлече.

  • +6 гласови

    имам надграден и проширен предлог: да ја реновира и зградата на старата железничка станица. додуша може и да ја сруши па да направи нова, по можност трговски центар!

  • +4 гласови

    Одличен предлог, треба да им се прати веднаш, да не го заборават. :)))
    Може ли да го срушат и собранието па тука да направат еден голем музеј на восочни фигури. Тие повеќе ќе сработат за Македонија отколку овие шалабејзери што седат моментално таму.

  • +4 гласови

    Да не рекол дека е срамота аналоген саат во ова дигитално време :)

  • +5 гласови

    Ме наежи видеово...

    Кој бе дебили ни ја водат државава бе тоа чудо нешто...

    Тоа е симбол на едно минато време бе, тоа е сведоштво за генерациите кои живееле тука, тоа е едно од малкуте останати обележја на старо Скопје, а сега некој кандидат за градоначалник ќе го сруши сето тоа... срамота...

    Уште поголема трагедија е што самиот тој доаѓа од партија која не враќа во антиката.

    Али веројатно само антиката им е важна, блиското минато кој го ебе...

  • +3 гласови

    Коце, Коце... Кој и да си, арен не си. Уште па ќе се пуштала песна од македонскиот мелос на секој час. А да не се смеша со песните на Тоше што ќе ги пеат Ацо и Букефал, а Коце?