Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Каде е македонскиот Мајкл Мур?

пријавена од ribaro пред 1 година, 3 месеци. (razvigormk.blogspot.com)

„Замислувам филм за смртта на работникот во Макстил и истрагата, за големиот шестотонски транспорт и паднатите мостови, куршлусот со ракометното првенство, патувањата за Пекинг со количка и точак, скриените археолошки артефакти, за мистериозната 2001...“

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Сешто

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Да не бидам сватен погрешно, сакам посебни филмови за секое од тие прашања, не еден за сите нив.

  • +2 гласови

    Македонските филмаџии знаат да прават само филмови со егзистенцијалистички, црни, социјални теми, колку сме сиромашни, колку му било тешко, со еден збор - плачипичковски. Почнувајќи од Милчо Манчевски, па преку забравам-му-името-велес, и без крај. На ниеден македонски филм не сум издржал повеќе од 25 минути. Жива досада, квази-интелектуализам и тупаџиство.
    А од документаристите? Немој да почнам ...

  • +1 глас

    слично како и секоја друга гранка во македонија. па и програмерството... нели?

  • +1 глас

    Such as?

    Според мое искуство, програмерите се луѓе со интегритет, стамина, здраво расудување, оптимизам и бескрајна енергија. Особено по пет кафиња и два Ред Була, рок до утре и веќе наплатен аванс.
    :)

  • +1 глас

    чим е земен авансот нема гајле, за ред-бул има :)
    идејата ми беше дека концепт, истрајност, квалитет и перформанси се ретко нешто во нашата средина. 98% од рестораните и кафичите работат со црно-белиот дос софтвер и келнерите куцаат по 343405 пати за да внесат една нарачка.

  • +1 глас

    Ха, мислиш на софтверот на Стево Тригер, а?
    Точно, мораат месечно да менуваат по 5 тастатури, поради истрошеност.

    Има и причина зошто нема друг јунак кој ќе направи „кафичски“ софтвер: Добиваш повици за support во 1 насабајле, кога не можат да му наплатат на „друштво у ќошку“ поради некој баг, а овие испиле 15 вискија, 10 литра вино, 10 Курвоазиеја, плус келнерот им допишал уште пола од тоа.
    И мораш да отидеш, јеби га.
    :)

  • +1 глас

    Ooo, Воки, фала шо ме комплимираш :))))

  • +1 глас

    Перо, ќути. Ти функционираш само после два Ред Була и вотка!
    :)