Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Од извори блиски на MySpace и Facebook дознаваме дека Вордан е активен во кампањата на Владата на Р.М. која ќе се реализира во 2009г. „Споменик за секој град“. Не бе вистина... каде е Ванчо? Ајде малку живо на Кајмакот пред Н.Г...
станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Сешто
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Би сакал да ги известам драгите пријатели и непријатели на кајмакот дека бев на Карибите, да си ја видам вилата која си ја градам таму. Ништо специјално - 5-соби, приватна плажа, бамбус намештај, бунгалов за гости ...
Башка, и зимскава клима во Скопје не ми е многу пријатна.
Реков „би сакал“, но, за жал, не бев на Карибите.
Во самонаметната изолација од сите земски задоволства (па и Кајмакот), работам 24/7, како никогаш досега. Мојата компанија е погодена од недостатокот на *квалитетни* програмери, а работа има повеќе од било кога. Да собереме некоја паричка, си велам :)
Едно е сигурно - Ред Бул нема да ја почувствува кризата оваа година.
:))
не заборавај да ставиш c во кургче над тоа 24/7, почитувај ги авторските права :))
Ооо, Воки решил да го размрда дебелото газе и да пише на кајмакот. Ќе излезат и Карибите и Мавританија и све. Почнавме со хапсот - И по Бучко - Б.Ц. , па така надолу по ерархија.
Велиш немало квалитетни програмери? Демек, ти си квалитетен програмер??? Вау :))))))
п.с. Воки, не се лути, намерно те пецкам, за да те расположам, не ти мислам ништо лошо. И ајде враќај се на кајмакамот, веќе досадно е без тебе. Тебе те нема, и јас апстинирам. Па пострашно е да апстинираш од кајмакот, отколку да апстинираш од секс ;)
Не тврдам дека јас сум квалитетен програмер. Но, во недостаток на квалитетни, ете, и јас морам да се зафатам со „конпјутериве“.
QBasic и Turbo Pascal се одлични програмски јазици, ептен сум добар со нив. Само, 286-кава ми е малку спора, морам да се надградам на 386SX.
Чоече, до Windows Vista сме стасани :)))))
Која верзија на MS-DOS е тоа?
Ubuntu.
Воки, ти стегнав еден плус, ти фалат уште 2 гласа да го смениш рекордот.
http://kajmakot.softver.org.mk/vesti/1_U...
Го помина рекордот :)
хаха, на повидок новата добитна коалиција: перо и вордан. „ко се бије тај се вољи“ - :)
ги добиваат изборите - гарант.
...и Брат Љубе, да бидеме комплет... :)