Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Прво дојдоа по хакерите, но јас не бев хакер, па не проговорив против тоа. Потоа дојдоа по пиратите...
станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Сешто
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Причина за пријавување на сличен текст е парафразата на антифашистичкиот цитат од пасторот Ниемулер.
Текстовите за дискриминација и таргетирање на гејмери и не-знам-уште-што, веднаш ги отпишувам како уште една небулоза без супстанца и промисленост.
Од мое искуство, да ви опишам како тоа функционира:
Пискаралата, немајќи што да прават по цел ден, некаде на Диг (на пример), на 532-та страна ќе прочитаат текст што сам си го поставил некој скрибоман и ќе го преведат (и тоа лошо).
Нивните уредници, уште поголеми бадијалџии, воопшто и нема да дочитаат за што се работи, но сепакќе го објават (отприлика вака: гејмери, аха, ова е за компјутери... го објавуваме... ду-ду-ли-ду-ду... дај од тоа ракијата ... ааах, лута, мајката...).
Потоа, ние овде сериозно размислуваме, цитираме, спориме и се вознемируваме. Сосема непотребно, верувајте.
Тие само чекаат кога Иво-факинг-Котевски ќе им прати нов СМС.
...а новинарството во Македонија! Е, тоа е тема која треба сериозно да се обработи. Да се стават на столбот на срамот сите мегафони, кучиња за лаење, шупаци (Латас), платеници и морони.
Само, да не ни снема столбови!