Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Официјална страница на еколошката акција Ден на дрвото.
станала популарна пред 2 години, 1 месец | проблем? | кој гласал? | категорија: Сешто
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Обележана како неточна.
Официјалната страница на акцијата е http://vlada.mk/
Чекај, како неточна? Не гледам ТВ па можеби не знам... но нели на сајтот на владата нема ништо за акцијата?
Нешто се караа дека не била идејата на Владата туку на овие невладиниве, а Владата пушташе цели реклами по весници како таа да го прави...требаше да биде смешен коментарот...пројде моментот. :)
Ах, е па сори. Јас со мојата неинформираност не скопчав дека тоа е зез. :-)
Инаку пак не можам никаде да најдам каде да се пријавам и што да правам. Им пратив мејл на тие од TreeDay, ама уште не ми одговориле (викенд е, ќе почекам).
Глиша, ја погоди работата!
Расипаните државни функционери си ја присвоија акцијата.
Нов принцип на граѓански акции. Организираш, правиш акционен план, потоа правиш "buzz" и го протуркуваш целиот проект како паблисити стант, и оставаш владата да ти го спроведе со државен буџет. Не е лоша идејата...:)
Се освен констатацијата дека ова е нов принцип ти е апсолутно точно. Вака фукционираат 99% од НВО-ата и фондациите во Македонија веќе 17 години.
А МЦ-ја за тоа се разбира беа Фондација Отворено општество Македонија ;-)
еве го видеото:
Прочитајте го ПРЕКРАСНИОТ ХУМОРИСТИЧЕН КОМЕНТАР „Ден за НАДРВУВАЊЕ“ испратен од Кољо Дијамантот, на официјалниот форум на овој сајт: