Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

365.com.mk има потреба од нови автори

пријавена од cchevy пред 1 година, 6 месеци. (www.365.com.mk)

Сите заинтересирани можат да пишат на writers@365.com.mk

станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Сешто

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +6 гласови

    А има ли некаде инфо кои се сегашните автори на 365?

  • +3 гласови

    А колку време ги држевте старите демек на проба? Сајтов едноставно нема среќа :(

  • +1 глас

    јас баш мислам дека сајтот е еден од подобрите портали кај нас. за разлика од кајганите, кајмаците (во врска со гетата), точките, мочките на он.нет, или недај боже zsdane :)
    сајтов го работат амбициозни дечки кои еднаш ги запознав и видов дека тоа што го прават го сакаат, но не како што другите го $сакаат$. Get it? So sod off.

  • +1 глас

    ај образложи ако сакаш, гледам дека и јас сум замешан во муабетов...
    како шо те сватив тие се најдобри бидејќи го работат тоа бидејќи го сакаат а сите останати (вклучувајќи не и нас) го работиме бидејќи не го сакаме туку поради пари...
    јеа, рајт... колку луѓе познаваш од тие што ги одржуваат он.нет, кајгана, идивиди, точка, таратур... ? па да можеш да ваѓаш заклучоци?

  • +3 гласови

    $o збори$ море... И тоа како $акаат они, али изгледа неможaт. Респект за Кајмакот.

  • +2 гласови

    Изгледа сакаат некој за беспари да им пишува на сајтот. Смешното е што најверојатно ќе најдат такви луѓе.

  • -2 гласови

    Зошто е тоа смешно? Дека има луѓе што сакаат волонтерски да помогнат во некој проект!?! Ти ова како искусен автор го кажуваш кој заработува по 300 евра неделно ваљда?

  • +5 гласови

    Контент бизнисот во Македонија е тежок кој што сака нека рече. Затоа многу работат на контент но на англиски. Гугл чековите се гугл чекови. Ни врски, ни молења ни колења. Така да, јас не би носел заклучоци.

    Мене ми се особено симпатични заради тоа што се едни од првите што ја доведоа јоомла до екстрем во МК, сега гледам повеќе добро спакувани сајтови како кадевечер и ит.ком.мк.

  • +4 гласови

    Да, топ работа е и BlueCMS! Баш е македонски производ и добар show case како можеш од слободен софтвер да правиш пари.

    Единствено што не сум запознаен дали помошта во админ интерфејсот на BlueCMS им е преведена на македонски за нивните клиенти? Ако е, тогаш треба да биде вратен назад на заедницата и на joomla.com. Ако не е преведена тогаш треба да ја преведат пошто ваљда имаат ресурси. :)

  • -1 глас

    Нели треба и самиот БлуЦМС да го остават за слободно преземање?

  • +2 гласови

    Колку што знам не освен ако не си им клиентот ти.

  • +2 гласови

    да... давањето на кодот се случува само при редистрибуција.

  • +3 гласови

    Стварно е еден од подобрите кај нас, за разлика од ОнНет, Кајганите и слично. Портал кој ти нуди контент од 1-2 нови статии дневно, или 2 на три дена, или дури 5 статии неделно, башка веќе прочитани на другите.

    Еј, ама битно - има речник, башка амбициозни се :)

    Како и да е, со среќа. Корисниците бараат контент. Или ќе загрееш столче и тастатура, или ќе мољакаш за ентузијасти волонтери, или ќе ги платиш.

  • +3 гласови

    Ме нервира фактот што не се ценат трудовите, па макар било и преведен текст од странски сајт пак треба труд за да се пуни сајт секој ден. И тој што го пуни треба да биде соодветно платен. Слично како што те викаат комшиите кога компјутерот не им се палел и те плаќаат со сокче и колачи.