Слободен софтвер Македонија купува проекторСлободен софтвер Македонија за продоложување на активностите Сподели Знаење и Сподели Кино има потреба од проектор и потреба од Вашата помош.
Сите пари со кои располага Слободен софтвер Македонија во моментов ги инвестира во купување на проектор, но сепак има потреба од дополнителни средства.
Најефтиниот проектор кој го најдовме е Epson S42 за 33.150,00 денари. Ако знаете каде може да се најде поефтин проектор Ве молиме контактирајте не.
На оваа страница може да се запишете дека ќе донирате пари за да се соберат остатокот од парите.
Акцијата за пријавување трае до 15.02.2008 година. Ако до 15.02.2008 година се соберат пари за помодерен проектор таков и ќе се купи. На 16.02.2008 година ќе бидете контактирани каде и како можете да ја уплатите вашата донација.
Минималната донација би било убаво да е барем 500 денари. Доколку имате огромна, огромна желба да помогнете, а воопшто не сте во можност да се пријавите за минималната донација се разбира дека може да се запишете, ќе го цениме и тој гест.