Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Зголемен прометот на преминот „Богородица“

пријавена од vordan пред 2 години, 1 месец. (a1.com.mk)

Одете сите! На Бакојани и` требаат повеќе пари за да плука по светот. Зошто не со нашите, се прашувам? Македонците се бескичмени суштества, во иста категорија со дождовните црви.

станала популарна пред 2 години, 1 месец | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • -2 гласови

    Да, не треба да одите во Грција пошто Грците плукаат по Вас и не Ве признаваат!!!

  • +1 глас

    леле чоече како сме си прошле у солун онака да ти ибам. абе милина.
    :(

  • -1 глас

    Е што врска има каде патуваат граѓаните со политиката на државата? Македонија има проблематични теми со бројни држави, па никој не мрчи кога се патува таму или вамо. Само Грција било проблем. Како не бе.

  • -1 глас

    Тоа се вели вака: граѓаните на Македонија немаат проблем со Грција, затоа патуваат таму, а ако Грција има проблем со Македонија тие нека не патуваат кај Вас, па да видат што пропуштаат !!

  • +3 гласови

    другарче, да патуваш таму и да ти лепат на колата пораки, да те омаловажуваат, да те труат во секоја продавница или ресторан, да мора да им објаснуваш од кај си... И ПАК ДА ОДИШ...
    тоа не е проблематична тема на државата. тоа е она со кичмата што го спомнува вордан.

  • -2 гласови

    неам некој посебен став кон прашањево, но truth to be told, кога бев лани во Грција никој не ме омаловажуваше нити малтретираше.

    факт е дека делот со добивање виза е проблематичен, но и за тоа има лек.

  • +1 глас

    Ако си се кажел Србин или Бугар, тогаш да.
    Келнери те заебаваат, нејќат да те услужат и тн. ако те слушнат да збориш 'скопски'.

    п.с. Шта јужније, то понепроблематичније, a богами и то ружније ;)

  • +1 глас

    никој не ме ни прашал (а и зашто би ме).. можда ме праша газдарицата од приватниот смештај .. не и пречеше ниш.

  • +1 глас

    а тие патуваат наваму. исто трошат пари. туризам, забава, потреба. па никој не ги омаловажува.

  • +4 гласови

    јас мислам дека ако граѓаните немаат проблем да бидат понижувани во амбасада, малтретирани на граница, да им се кршат шофершајбни само поради тоа што имаат лепенка мк и пак да одат во Грција, тогаш и државата не треба да се труди да биде подобра од граѓаните и треба да ја прифати нивната пракса.

  • +1 глас

    Всушност имам став. Ако гледаме долгорочно можни се две опции:
    - засекогаш да постои омраза помеѓу грците, македонците (и оние фатени измеѓу)
    - да се надмине глупавава ситуација

    јас лично сум за втората опција и не мислам дека со игнорирање и повици на нетрпеливост одиме во таа насока.
    (не кажувам дека човек треба да толерира директно омаловажување - но како што реков, мене не ми се случило)

  • +3 гласови

    Извини Дамјан, ама ти се случило [омаловажување], сигурно.
    Мене ми се случува секогаш кога ќе видам ФИРОМ - ми паѓа мрак на очи.
    Поголемо омаловажување од тоа - нема.