Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Заев аболициран!

пријавена од whiteeagle пред 1 година, 8 месеци. (www.a1.com.mk)

Шефот на државата, Бранко Црвенковски, ги помилува градоначалникот на Струмица Зоран Заев и неговите петмина соработници. Зоран Заев ја прифатил одлуката под изговор дека останатите 5 обвинети биле во лоша психо-физичка состојба.

станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +4 гласови

    хм... и јас мислев исто е, ама аболиција и помилување биле 2 различни работи. аболиција значи дека фактички се укинува обвинението и никогаш во иднина не може да се покрене истото...башка не знам дали може да се прифати/одбие одлука од таков тип.

  • -1 глас

    Толку од политичката кариера на Заев во СДСМ. Ќе си остане градоначалник... Папата се враќа назад.

  • +2 гласови

    Што повисоко си во СДСМ, тоа повеќе можеш да го прекршуваш законот, бидејќи за тебе важи „орвеловата еднаквост“.

    Па што мислевте кога го гласавте лицето Б.Ц.? Дека ќе биде „добар“ претседател? Да, добар е за Заев и компанија, за силеџијата Верушевски и останата комуњарска братија. Убав потсетник за луѓето, надвор од чистата демагогија, какви се всушност „државотворните“ вампири.

  • -1 глас

    Нека ја аболицира сега и Чочоровска, и нека си ги поделат парите од дрогата. А може и виски гратис ќе добие.

  • +1 глас

    Да се потсетиме:
    Преседанот по ова прашање го направи покојниот претседател Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ. Ако се сеќавате, ја аболицираше Доста Димовска и уште некој функционер заради прислушување.
    Тоа што Љубббчо Тута Георгиевски е виртуелно „аболициран“ од власта и не го апсат за бројните криминали е друго прашање.
    Тоа што Борис Стојменов е виртуелно аболициран (а треба да се апси за „Окта“) е исто така друго прашање.

    Политичарите се гомна и како такви треба да се третираат.

  • -2 гласови

    Рпљ!!

  • +1 глас

    Дали и колку направи преседан е многу дискутабилна работа... аболицијата ја направи за случај „прислушкување“. Таа е и измислена да постои како механизам за такви случаи. Џанам, државна тајна или државни интереси или нешто слично...

    А сега тука имаме аболиција за „крадење“!

  • +5 гласови

    па тешко дека едно такво прислушкување спаѓа во државна тајна... јас би рекол 1:1 се сега... само што сега наместо да се спаси нечија кожа, испаѓа обратното (во политичка смисла се разбира)

  • +2 гласови

    Аболицијата, според законот, може да се изврши во повеќе случаи.
    Ако е дозволена и во случајот Заев (како што е`), тогаш може да се примени.
    А за штетата - не знам само чија е поголема: онаа на власта со катастрофалниот однос кон човековите права (кои се однесуваат и на политичари), или оваа на БЦ, кога ослободи потенцијален кривец (со апостроф на „потенцијален“).
    Не сум сигурен какви воопшто му беа шансите на Заев со толку партизирано судство, од врховниот судија, преку обвинителството, па до судиите во другите судии - дали воопшто ќе имаше фер судење. Фамилијата не спие.

  • +2 гласови

    Е што ти е де ова „Рпљ“ побогу???

  • +2 гласови

    Тоа е израз во југоисточниот дел од вардарскиот дел на Македонија :)
    Не знам како да го преведам најточно, но би било комбинација од шпрт, сељак, шалабајзер, бела чорапа, златан ланац, швацараа, германаа и џигерица.

  • -1 глас

    Исто така, изразот се користи и на кајмаков од Рпљи кога сакаат да навредат некој што не мисли како нив.

  • +1 глас

    Едноставно, прошетај по струмичко - радовишко - валандовско - шопендскиот крај и ќе ти стане све јасно.
    Зборот рпљ се пишува со мала буква, а се изговара рbпbљ, односно р`п`љ.

  • +2 гласови

    и множина е р’пале