Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
ПРОФЕСОРОТ ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО, ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ, СО СТАВ: За името нема место за компромис
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Интересно како дува ветрот (ветер=финансии веројатно), така ставовите се менуваат...
Па Фрчко ова отсекогаш го велел... И сега го вика - клучно прашање е индентитетот. Иако јас лично да се прашувам не би ставал „географски“ или други додавки пред името на државата, зашто одма ќе ни го напикаат тоа и во индентитетот.
Фрчко само манипулише со јавноста за да ќари глас појќе. И ништо друго
Повеќе од јасни се неговите ставови за самоукинување
Еј Фрчко а што стана со "Што и фали на Северна Македонија"
Значи за да нема забуни статијава е од 05.09.2006.
Ќе се потрудам да најдам уште неколку кај што има пак сосема трет и четврт различен став.
хаха Е ова беше убаво онадуење ;о)
Професорот по Меѓународно право, Љубомир Фрчковски, останува на ставот дека преговорите за името во Њујорк треба да се прекинат веднаш, но во исто време да се зголеми притисокот врз европските институции да го почитуваат правото да се нарекуваме како што сакаме.
04.02.2005
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?...
Атрибутите како демократска, независна, самостојна, суверена кои го отсликуваат уставното уредување на земјава би биле прифатливи смета професорот Фрчковски, но не и префиксите горна, северна, нова кои го ограничуваат простирањето на македонскиот идентитет.
(19.02.2008)
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?I...
Фрчкоски, во три наврати министер во претходни влади на Република Македонија, вели дека „јас сум склон за почисти решенија, без загради и без црти, значи Северна Македонија или Горна Македонија“.
27 август 2008
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=88DD0...
Цар е нема што :))))))
Сигурно ќе гласа на претседателскиве избори за Иванов. Онака за инает :), или ако го подмачкаат.
:))
Вмровски исцелителски конструктивизам. Party on :-)
Нема врска со „вмровски“ верувај :)
Чисто се работи само за константниот и цврст став на професорот околу прашањето за името.
Ова е интересно прашање за дебатирање, но со оглед на тоа на што се сведе дебатава на кајмаков...
Lavot, одлична ретроспектива си направил на изјавите на Фрчко .. (јес да за мене не толку важно прашање - но сепак) ..
Вакво нешто треба да се направи за секој кандидат и за секое важно прашање (важно за ингеренциите на тоа за што се кандидираат).