Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Силеџиски срамотилаци, национализам наспроти патриотизам

пријавена од razvigor пред 1 година, 7 месеци. (razvigor.blog.com.mk)

Срамота е еден строен македонски маж да испраќа закани со тепање до млада жена со чии ставови не се согласува. На било која возраст, да го правиш тоа на некој што не е физички посилен од тебе е чисто кукавичко силеџиство.

станала популарна пред 1 година, 7 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +3 гласови

    А која е Благица Иванова?

  • +8 гласови

    Гледам дека си ме цитирал и сето тоа е ок, ќе појаснам околу твоите нејаснотии што ги имаш, само лошо е да се генерализира, а дури и кобно е, кога се оцрнуваат македонските патриоти. Впрочем, ако забележавте, на блогерај има многу левичари, анархисти, комунисти, социјалисти и тн. кои заговараат уривање на уставниот поредок, преку револуции што би значело и убивање луѓе, прогони, депортации и сл. но занимливо, тие не ви се интересни, туку интересни се луѓето кои ја љубат татковината... Хм, симптоматично дури!

  • -2 гласови

    Лавот, во конкретниов случај, јака љубов покажува некој што сака да тепа жени по Македонија. Мојот протест ќе беше ист и да видов некој левичар така да се заканува. Иако постапката е инфантилна, направена е при полна свест од возрасен, полнолетен маж. Ми изгледа многу сериозно.

    Дали за тебе е доволно некој да се декларира како патриот, за да му се прости секое согрешение кон ближните?

    Да се одобрува кога „патриот“ краде, лаже, убива, тепа, злоупотребува позиција, проневерува, шиканира... врши било каков тип криминал, не ми звучи како рецепт за правење јака држава.

  • +9 гласови

    Одма да демантирам, за сите твои инсинуации одговорот е НЕ!

    Значи, не го оправдувам постот на Трн, секоја закана со насилство треба да биде соодветно казнета, без разлика од која страна доаѓа.

  • +7 гласови

    Патриотизмот не треба да биде монопол на определена група, туку според мене, патриотизмот треба да биде дел од секој човек на светот. Како што секој нормален си го сака својот брат/сестра, татко/мајка, треба да си ги сака својот народ/држава.

    Тоа е мојата идеја, и не сакам тоа да се извртува, и да се става во негативни конотации, како што неколку ретардирани лица се обидуваат да го стават преку коментари кај тебе на блог, а додуша и овде ги има прилично.

    Единствено, ми пречи јавното осудување на секоја ронка патриотизам што се раѓа кај Македонците, а не се гледаат повиците за насилно уривање на уставниот поредок и државата кои некои фаци овде јавно ги прокламираат.

    П.С. Ама затоа и Шпиц е бесплатен весник...

  • +7 гласови

    Воопшто не се предомислив, почекајте некое време ќе дадам објаснување околу вашите терминолошки заблуди. Дотогаш, да не ви биде досадно, би можеле ако не ве мрзи да читнете нешто на следниов линк, па би можеле и таму да продискутираме.
    http://lavot.blog.com.mk/node/151116
    Исто така и овој линк е добар за дискусија:
    http://lavot.blog.com.mk/node/174447

  • +6 гласови

    Нема што да играме, и нема *мои* дефиниции...

    Eве некои извадоци:
    The term nationalism can refer to an ideology, a sentiment, a form of culture, or a social movement that focuses on the nation.

    As an ideology, nationalism holds that 'the people' in the doctrine of popular sovereignty is the nation, and that as a result only nation-states founded on the principle of national self-determination are legitimate.

    Nationalism does not always lead to violence, however, and it plays an integral role in the daily lives of most people around the world. Flags on buildings, the singing of national anthems in schools and at public events, and cheering for national sports teams are all examples of everyday, 'banal' nationalism that is often unselfconscious

  • +7 гласови

    Тоа за што се обвинува национализмот е всушност радикален или екстремен национализам, попознат кај нас како национал-шовинизам.

  • +6 гласови

    Еве, пред да го напишам текстот - патриотизмот е љубов кон татковината. Значи се работи за чувство што го има или го нема кај граѓаните на една држава. Тоа е патриотизам. За разлика од патриотизмот, национализмот е доктрина, односно идеологија, која се имплементира во општественото уредување на една држава. Државите можат да бидат националистички или космополитски, интернационалистички - тоа е опозицијата. Марксистите, анархистите и дел од либералите и крајните социјалисти пропагираат космополитанизам, или интернационализам. Но, факт е дека во светот досега не постојат успешни држави кои не гаат национализам. Ако најдете една таква, кажете ми ја!

  • +6 гласови

    Економски, воено и политички моќна и влијателна држава.
    Тоа би било најкратко појаснување за успешна држава.
    САД, Кина, Русија, Франција, В. Британија, Германија и да не редам уште еден кош други. Во Македонија познати под терминот - „меѓународна заедница“, а во историјата се забележуваат како - „големите сили“.