Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Шведска: Опен документ формат прифатен за национален стандард

пријавена од razvigor пред 1 година, 6 месеци. (www.metamorphosis.org.mk)

Шведскиот институт за стандарди (SIS) го одобри отворениот формат на документи (ODF) (да, да, оној од Опен офис) како национален стандард, извести Алијансата за ODF оваа недела.

станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Демек дека ние не можеме да го одобриме поради еден посран договор со Мајкрософт од времето на Макрадули (не знам каде го прочитав тоа)? Не сум упатен во ова, ако е некој упатен, молам нека ми одговори.

  • +2 гласови

    Мислам дека кај нас не е усвоен никаков стандард, ни отворен ни затворен :)

  • +3 гласови

    Договорот е истечен веќе ... *me гледа на сатот*
    ... 2 години.

  • +4 гласови

    договорот со Мајкрософт истече ..така да не е тоа

    проблемот е немање желба да се постават работите на здрави нозе

  • +2 гласови

    Простете на мојата неинформираност. Сакам да прашам дали ОССМ иницирале нешто во врска со истекот на договорот на Мајкрософт? Дали сте добиле некаков одговор?

  • +1 глас

    Не е точно. Иако Макрадули и компанија направија идиотски договор со Мајкрософт, имаме шанса да направиме национален стандард со некој отворен формат.
    Сепак, мислам дека веста погрешно ја читаме: ODF е прифатен како стандард, но не и како *единствен* стандард.

  • +1 глас

    ...моето „не е точно“ не се однесува на постот на Дамјан, туку на оној на whiteeagle. Сме ги пишувале коментарите во исто време, па испадна така.

  • +3 гласови

    1. Сакам да видам владина политика која отворено ќе им се спротивстави на монополите и затворените стандарди, кои на долг рок го уназадуваат технолошкиот прогрес, канализирајќи го само преку една компанија.

    2. За Micro$oft сеуште сме Фиромакедонија, така да и од овој аспект заслужуваат комплетно да се префрли електронската документација на администрацијата во отворен документ формат.

  • -1 глас

    Ти да не мислиш дека живееш во Норвешка или Финска?
    Па во владата нема професионалци - само волонтери и аматери. Не бим дал ни селски панаѓур да организираат, а не борба со монополи и затворени стандарди.
    Следниот пат кога ќе помислиш на вакви работи, повтори во себе: „100.000 компјутери“ - ќе ти помине.

  • +2 гласови

    Отворен формат за документи:
    http://wiki.lugola.net/Отворен_ф...

  • -1 глас

    Шведска и останатите западно-европски земји имаат добра слика за тоа кои стандарди треба да се прифатат а кои не, и јасно се гледа дека не се под влијанието на Микрософт како што е америка и државите кои го прифатија нивниот контроверзен OOXML.

    Интересно ќе биде владата на РМ што ќе прифати како стандард кој ќе го користи........

  • -1 глас

    па владата де факто го користи МС 2003 форматот. Во било која комбинација на комуникација и пренос на информации доаѓате или до ПДФ или до ДОК.

  • +5 гласови

    ... и сето тоа „фино“ искуцано со MAC C Times!

  • -1 глас

    Во рамките на проектот Процена на потенцијалот за добро управување во 2007 г. експертска група изработи предлог за тоа кои стандарди да ги примени Владата во своето работење. Засновани се на она што е прифатено од ISO и применувано во ЕУ. Како таков, ODF беше меѓу предложените на „белата листа“. Препораките се објавени во публикација достапна на сајтот од проектот
    http://gg.org.mk/index.php?option=com_co...

    Ако му треба некому печатена верзија на публикацијата, нека ми се обрати директно.

    За жал досега немало официјален одговор од Владата за ова експертско укажување.