Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Тотално изместување на моралните норми најпластично опишани со коментарите на следната вест... И да нема одма бунење, се работи за сите 16-17 години во кои владееа сите партии.
проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
"еден од уапсените во оваа акција јордан јорданов викан р,кулот дома ја цувал цела документација за трансфер на пари како да водел книговодство и пошто закаснил до 15 февруари да уплати придонеси и оп наместо ујп го нападнале нинџа желки" :)
Иако, има вистина во некои од коментарите дека полицијата всушност знаела кои се, а не реагирала. Исто како и во случајот со кумановскиот цигарски бос, како и во случајот на шверцот на цигари со камиони кои беа истоварувани во Арачиново.
Ниеден полицаец или цариник не доби „тврда“ казна.
Дали ќе проработи совеста на министерката, или повторно само ќе ги „изротираат“ инволвираните. Корупцијата во полицијата е едно од најголемите зла во транзицијата. И таа никогаш не е само на едно ниво, редовно постои пирамида која стигнува до самите врвови на МВР.
Роди куротресини на ветар ко овој горе.
Во врска со поддршката, споредете со текстот за narcocorrido во јануарскиот број на CKM
http://www.ckm.rs/novi_broj/broj-65/
(за жал немам линк до самиот текст)
Ве поздрави Госпо од коментар 40 :-)
Не знам што е толку неморално во продавање дрога која луѓето сакаат да ја купат?
Дури, за разлика од многу други индустрии, овие што продаваат дрога немаат никаков прљав маркетинг.
(можеби прашањето ми е филозофско, но и моралот е таква категорија)
Како прво, незаконски е да се продава дрога. А второ, навистина сакаш да кажеш дека не си видел наркоман во „поодмината“ фаза?
Ајде тогаш да им продаваме и нуклеарно оружје на терористите, бидејќи сакаат да го купат.
незаконски и неморално се различни работи, како прво.
не знам дали сум видел наркоман во „поодмината“ фаза, може и сум го видел, а да не ми личел во „поодмината“ фаза. Ти си ги видел сите наркомани?
Не гледам логика во споредбата со нуклеарни оружја
oops, грешка .. така ми е кога седнувам на туѓи компјутери.
опааааааа...
Се појави алтер егото на Дамјан! :))))))
А гледам ја ти активен борец за човекови права... виножито знамиња, бурми на палец и слично. :)))))))) хихи...
Ти одговарам на твоето „алтер его“, бидејќи тука е дискусијата. :))
Логиката во споредбата е дека и за двете има луѓе кои „сакаат да ги купат“. Ако почнеме за сѐ да размислуваме „пазарно“, нема далеку да дотуркаме.
А во случајов, тоа што го предлагаш е и незаконски и неморално, не ги изедначив двете работи, напротив - ги споменав одвоено.
Мислам, и јас сум за либерални погледи на свет, но да тврдам дека дрога треба да се продава на улица слободно, тоа е over the top.
како го аргументираш последново тврдење... споредено со алкохол, цигари и слично (кои и не се продаваат баш слободно).