Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Господинот Иво Котевски ни соопшти дека доколку не можат да си обезбедат заштита организаторите на некој протест тие можат да побараат заштита од МВР за што ќе платат.
станала популарна пред 1 година | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
не ми е јасно, како може по таква изјава да биде уште на работа
а и Јанкуловска *мора* да сноси одговорност поради тоа што полицијата *не* си ја вршеше функцијата.
Психолог е, ако не се лажам, по професија.
Јас таа изјава некако сум ја утнал. Може релевантен линк до истата?
немам ... веројатно треба да се побара по весниците
ја го гледав на сител у живо како го кажа тоа. демек полицијата не била известена на време и нив нешто итно им се десило и не можеле да обезбедат луѓе на време. а тие што сакаат да протестираат ако не можат да си обезбедат редарска служба треба да платат за да им обезбеди полицијата. ееее, гласноговорникот на минстерството за љубов.
Неодамна во емисијата „Код“ исто беше кажано дека Македонски Пошти плаќаат за полициска придружба при транспортот на парите. И јас се изненадив како може да се најмува полиција, но изгледа така е. Треба некој кој е по закониве (или барем поупатен) да објасни.
замисли изнајмуваш два џандари и поп и одиш во диско со дама.
ако има пријава за кражба тогаш полицијата мора да реагира, ама не може полицијата за Македонски Пошти да праќа луѓе чисто онака за секој случај. Ако е така тогаш сите фирми ќе бунтуваат пошто они плаќаат за некој тип на обезбедување (како мислиш дека банките пренесуваат пари низ филијалите) а Македонски пошти да има заштита бесплатно.
Македонски пошти е буџетар. Парите што ќе им ги опљачкаат ги дава државата од буџетот. Од истиот буџет зима пари и полицијата. Па реално би било полицијата да ги штити сопствените пари. Ако не - ќе нема и за нив...
буџетот се полни од даноците што ги плаќаат приватните фирми (еве да речеме банки). ако ги опљачкаат банките, ќе немаат пари да платат даноци т.е. да го полнат буџетот. па реално би било полицијата да ги штити сопствените пари. Ако не - ќе нема и за нив :)
Секој може да побра ангажирање на полицијата за заштита на нешто ако плати.
Македонски Пошти плаќаат за тоа, секогаш кога се врши предавање на парите од поштата се врши во придружба на полиција, но за тоа си плаќаат.
Ете на пример исто така се плаќа ангажирањето на полицијата на фидбалски натпревари од страна на клубот кој е домаќин.
гемиџи е царо ):))