Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Прочитајте го најновиот катастрофален предлог на Нимиц

пријавена од Lavot пред 1 година, 6 месеци. (www.taratur.com)

Уште еден катастрофален предлог дојде од медијаторот Нимиц. Освен тоа што ќе бидеме ’северни’, нема да бидеме ни Македонци, туку граѓани на некаква си Северна Македонија. Најлошото е што и доколку прифатиме (таман работа) ќе треба повторно да преговараме. Па, која е поентата! Го пренесуваме...

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Има одредено минимално поместување, сепак остануваат неколку точки како ужасно решение:

    7. И Првата и Втората страна може да ги употребуваат зборовите „Македонија“ и „Македонски“ (Macedonian) во соодветни неофицијални контексти, СЕПАК, ПОД УСЛОВ ниту Првата ниту Втората страна да не изразуваат ексклузивни права, политички, комерцијални или поинакви кон името „Македонија“ или „македонски“ кога стои само во кој било јазик.

    А со оглед на тоа дека они и тоа како изразуваат ексклузивни права, доволно ќе биде само да се побунат во советот за безбедност и вие веќе во ниту еден документ нема да можете да напишете „македонски јазик“ или било што што почнува со „македонски“.

  • +1 глас

    Не дека е битен бројот на плусеви или минуси, ама за оваа работа ме интересира. Значи, на овој пост имав +2, па некој сега го намалил. Немам ништо против, ама тоа што нема коментар под него навистина ми паѓа во очи. Па сакам следното прашање да му го поставам на „незнајниот јунак“:

    Де бе пријателе. Чим ме миунсираш, значи не се согласуваш со мене. Не е тоа во основа лошо, ама може ли барем да ми посочиш зошто не се согласуваш? Имам утка во логиката на тумачењето на документот? Тресам глупости ли?
    Еве не мора да ми одговараш од твојот username, отври нов и одговори ми зошто не се согласуваш со ова погоре? Никој нема за зло да ти земе за тоа што сакаш да останеш анонимен...

  • +1 глас

    Она Република Македонија останува за домашна употреба и тоа само на кирилица. Значи на граница веќе нема да може да стои ниту табла „Welcome to Republika Makedonija“ што во суштина потпаѓа во домашна употреба. Ќе може или „Welcome to Република Македонија“ или „Welcome to North Macedonia“. А како што се гледа од точка 6:
    Македонија“ кога „именката“ стои сама, нема да се употребува од страна на ниту една држава како официјално име.
    Под ниту една, потпаѓа и нашата... :( So basically you don't live in Macedonia, you live in Northern Macedonia.

  • +2 гласови

    А еве зошто се бунат Егејците на чело со „Виножито“ и зошто веднаш го отфрлија овој документ:

    11. Секоја страна ќе го реафирмира своето откажување од какво било побарување во однос на територијата на другата страна и ќе се согласи да не изразува или охрабрува иредентистички побарувања или непријателски изјави насочени кон другата страна.

    Ова значи дека толку чеканото отварање на егејското прашање се затвара во оној момент кога ќе се прифати спогодбата и Груевски може да си ги пикне писмата што ги праќеше знаете веќе во што. :(
    Со оваа точка Македонија, ние, се обврзуваме на молк како во католичките свадби: „Ако имаш нешто против истапи или засекогаш држи ја устата затворена“.

    Од друга страна доколку нашите во северна Грција се побунат, тоа потпаѓа под „непријателски изјави“ и тие се оставени самите на себе, засекогаш.

  • +1 глас

    И нормално, точка 13, бисерот на документот во кој што се обврзуваме и на понатамошни преговори во склоп на ОН, со цел - нова конечна спогодба која треба да ја замени онаа од 1995 (а која btw, е вон правна употреба затоа што е изгласана само во нашиот парламент, а не и во грчкиот). Нормално, тоа не ги спречуваше до сега да се повикуваат на неа кога им одговара, а да ја негираат кога не им одговара (пр. Букурешт). Во суштина „културните аташеа“ во државава сватија дека нема да можат наеднаш целата чинија да ни ја бутнат у грло, па затоа решиле да ни даваат залче по залче од отровот. И нормално, Грција со ова си го зачувува „сувереното право“ на влијание врз нашата надворешна, а очигледно и внатрешна политика со тоа што врз основа на тие „нови“ преговори ќе има начин како и во иднина да не блокира и става сопки по сопствена потреба и ќеф. :(