Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Блог на Ѓорѓе Иванов, а има и Youtube, Facebook, MySpace, Twitter и Photobucket сметки!
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Волку гадни дизајни ни во 90-ти не правеа.
дизајнот стварно е уште од пред времето на интернет (фалат само уште пораки што трепкаат и текст кој се „скролува“ хоризонтално) али мене друго нешто ме интересира... И на претходните избори „врмровците“ имаа блогови на премиери, носители на листи и слично, а повеќе од очигледно е дека не ги одржуваат лицата кои се представуваат на тие блогови. дали лицата одржувачи на тие блогови се иднината на најниските партиски војници моментално познати како лепачи на плакати? :))
И дали ќе дојде време кога ќе се кажува на децата, учи синко интернет за да не лепиш плакати :)
па бедно би било за мене некој партиски војник да ми одржава блог. за мене ова е негативен поен.
А шо мислите, Обама сам си пишеше во твитерот или ваквите сервиси за време на кампањата?
Па нормално дека си има луѓе задолжени за тоа, и не знам зошто мора да се коментира секогаш негативно, пишав на неговиот блог и го поздравив тоа што прават кампања користејќи ги и новите медиуми.
Па и на Џон Мекејн сигурно некој друг му ги пишувал, ама пак тие на Обама имаа поинаков шмек... можеби сепак има некој трик со тоа...
позер.
Како јас гледам на работите, претседателски кандидат *мора* да има блог. Ма, кандидат за претседател на куќен совет мора да има блог!
Прашањето е каде се блоговите на Фрчковски и останатите.
.
А дека ќе се појават современи лепачи на плакати, т.е. блогери, твитери и фејсери, тоа е неминовно.
Секако, кандидатите мора да пишуваат и сами одредени „клучни“ текстови, инаку сето тоа не би имало смисол.
Како дополнение на коментарот дека други на Иванов му одржуваат содржини, а и критиката дека на блог не се пренесуваат вести од А1 и сл... јас би додал и дека во повеќе од 50% од случаите, луѓето од неговиот тим му го грешат името. Човекот се вика Ѓорге а не: Ѓорѓе, Горѓе, Ѓорги, Ѓорѓи и сл...