Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Анастас Вангели има повеќе причини зошто може да се нарече предводник на младото левичарско движење во Македонија.
станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Сега е само прашање на време која партија ќе го апсорбира во својот „подмладок“ (СДСМ, како левичари, можеби?).
И по 15 години, кога, онака задригнат, со олабавена вратоврска, возејќи се во службениот Мерцедес, ќе се сети на своите револуционерни денови и во себе ќе ни се потсмева нам, лузерите: програмери, писатели, активисти, националисти и останати читатели на „Кајмакот“.
вордане ворданеее....
Па, ако судиме според она што досега се случувало во Македонија (и тоа уште 1945 наваму), има голема веројатност така да заврши.
Ете, земете ги сите „револуционери“ и „надежни“ од последниве години, на пример: Филип Петровски, Игор Изи Ивановски, Миле Јанакиевски, потоа оние другите гнаси од студентските организации (забравам им името), на крај и бившиот директор на Агенцијата за млади кој стана пратеник (откако не е веќе млад, изгледа).
Да не ви го споменувам Бранко Азески - поранешниот претседател на „омладината“ на СФРЈ и последниот давач на штафетата на покоен Броз.
Дури и Љубчо-тута-бугарин-Георгиевски може да се смести овде, како поранешен надежен поет и интелектуалец (си ибало мајката).
генерално гледано си во право. освен што со наведените примери најчесто се работело за веќе интегрирани партиски членови (барем колку што јас знам). со вуната проблемот може друго да излезе. целосно да скршне од тој „лајфстајл“ и да се занимава со трети-петти работи.
vordan, тебе навистина ти треба еден добар факинг.
Да ги додадам тука и Ѓорѓе Иванов, Аце Коцевски, Влатко Ѓорчев, Емил Киријас итн... Всушност идните политичари скоро секогаш како тука така и во светот произлегуваат од младински активистички формални и неформални организации. Така разменуваат искуства со врсниците од странство, прошируваат познанства. Што и не е лошо.
Лошо е кога ќе те натисне наковалната од партијата. Но тоа е веќе друга тема.
Да бе, она лиглено Влатко Ѓорчев го заборавив.
Еден од најголемите пушачи.
Сите се лоши, грозни, тутурутки, невоспитани, шпртала; само вордан е прекрасен, божествен, совршен, културен, педантен...
Очекувам минуси
Не бе перо, еве ти од мене еден плус. Штом толку си се зафатил со мене лично, си заслужил...
не навлегувам дали влатко е лигле или пушач, ама јас откако се сеќавам, тој е член на вмро-дпмне, и уште повеќе, не се сеќавам да бил предводник на некој младински активности и реформи!
веројатно така е и со поголем дел од споменативе.
за вуната секаков респект. и во поглед на политичкиот ангажман, и во поглед на социјалниот, и музичкиот и енбиеј-скиот. тоа е!
dasaf повеќето од мојата листа биле лидери на младински протести.
Да, во ред сето тоа.... Но вие зборувате од име на цинизмот - така што тој повеќе говори за вашите гледишта отколку за ангажманот на Анастас Вангели
Имаш право - цинично е. Но времињата се такви, јеби га.
Јас не бев циничен, само реков дека сите политичари започнале со младински активизам и дека тоа не е негативно.
Иако не сум левичар, многу позитивно гледам на активизмот на Анастас. И имам потреба да го поттикнам бидејќи најдобра мајка за наци-џганот се токму левичарите, за разлика од нас премлаките либерали.
иако не знам баш колку му оди во прилог на Анастас тонот на текстот на Букарски само би додал:
1. на невидено ... скептицизмот е оправдан, иако повеќето од примерите кои ги наведоа vordan и jpetrov не се аналогни на активизмот на Анастас и неговите другари
2. познавајќи ги Анастас и неговите другари - луѓето го прават тоа што го прават искрено, со намера да направат нешто важно - успеале или не.
испуштив:
под (2) сакав да кажам : ако ги познавате Анастас и неговите другари - нема да бидете скептици.