Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Новиот закон за алкохолни пијалаци

пријавена од zborovi пред 1 година, 8 месеци. (zborovi.info)

Наместо „на здравје“ јас повеќе практикувам да наздравувам со „За арно, за убаво“ ама овој закон не е на арно а уште помалку е на убаво. Можеби општоприфатениот србизам „Живели“ повеќе одговара во оваа прилика.

станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • -1 глас

    Текстот е во најмала рака глупав, а можните сценарија се идиотски. Ќе станеле наркомани, затоа што не им давале да станат пијаници. Да го парафразирам Тито: Блазеси и на секоја држава со ваква младина. :)))
    А ако не тоа - ќе почнале порано да се опиваат, уште од 18ч. Се што успеав да заклучам од текстов е дека можеме во олеснување да си воздивнеме, оти имаме младина која што точно знае што сака - да пие.
    Да се разбереме... не се согласувам со меркиве, затоа што даден проблем се решава кога ќе се решат причините поради кои што тој проблем настанал, а не последиците (како во случајов). Младите пијат е последица, а не причина. Сепак, читајќи го текстов - се доаѓа баш до обратниот заклучок и неговата содржина ме наведува да помислам дека меркава требала многу порано да се веведе.

  • -1 глас

    Законот во најмала рака е глупав.
    И да.. заклучокот е јасен од дамна... имаме младина која што точно знае... ма заеби знае, не можам “знае“ и “наша малдина“ да ги ставам во иста реченица. Нив им е врежано дека да си пијаница без цел во животот е “кул“. Тоа што не се способни да размислат дали е тоа така... е тоа е проблемот.
    А, сценариото со наркоманот... најверојатно го уништија било каквиот кредибилитет на текстот.

  • +1 глас

    Во најмала рака коментарот ти е глупав. Омладината нема да престане да пие поради новиот закон - само ќе почнат да пијат два саати порано. Виното ќе го купат пред седум, а (ладна) кока-кола или кисела вода ќе купуваат подоцна за мешање. Не е воопшто идиотски туку е реално.

    За да се спречи омладината да пие не ни треба нов закон туку треба да се почитуваат старите. Забрането е пиење на јавни места. Зошто тогаш пијат на јавни места? Забрането е точење алкохол на малолетници. Како тогаш малолетници купуваат алкохол? Размисли пред некој текст да го окарактеризираш како глуп и идиотски.

  • +1 глас

    Да, почитување на старите закони ќе ја спречи омладината да пие, а новиов закон е глуп затоа што не спречува никого во намерата да пие... само ги тера да почнат со пиење малку порано од вообичаено.

    Нека почнат да казнуваат за пиење на јавни места (10000 луѓе пијат секојдневно во градски парк), и нека почнат да казнуваат за продавање алкохол на малолетници (5000 малолетници во градски парк се опиваат секој ден) па ќе се промени ситуацијата. Ваквиот закон е на штета на сите граѓани и е крајно идиотски.

  • -2 гласови

    заклучокот злато вреди! ;-) ха ха ха...

  • +1 глас

    алкохолот и така спаѓа во тешки дроги

  • -1 глас

    Имам дилер на текила и пиво во секое време. Ни закон ќе ме фати, ни казна некој за мене ќе плати, само текила и пиво во мево' силно ќе се клати.

    :)