Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Македонија може да ја отфрли спогодбата и да го добие спорот во ОН

пријавена од Lavot пред 1 година, 6 месеци. (www.taratur.com)

САД ќе упатат уште еден притисок кон Атина, пишуваат грчките медиуми. Доколку јужниот сосед не попушти, Македонија ќе ја напушти привремената спогодба и ќе го добие спорот во ОН.

станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +4 гласови

    Како може во весниците да стои: Скопје тврди 124 земји!!!
    Чиниш живееме 500 години наназад, па од сите краишта да се вратат гласници за да се потврдат спекулациите на Скопје или Атина?!
    124 или 117? Кои се спорните 7? Лесно може да се прашаат тие 7 земји како се изјаснуваат.
    И друго, пред 1 година 2/3 гласови биле доволни, а сега 2/3 гласови плус 9/15 од СБ, плус сите 5 постојани членки.
    ДРН!

  • +4 гласови

    и после?

  • +1 глас

    после идемо даље во нови победи бе новица, мисли малку!!!

  • +1 глас

    Прекрасно :)

  • +3 гласови

    Перо прво имај (не се става „во“) предвид дека веста е лиферувана од грчки Катимерини, второ интересно е тоа што Грците треба да ни кажат дека имаме шанса да добиеме некои работи (наспроти сите катаклизмички муабети што се шират кај нас од претседателските дијалози, иск-точките, геровските или фрчковските коментари и тн).
    Македонците како да забораваат дека имаат и тие коњ за трка!
    Истово му го пишав и на Жарко Зомбификација, ама не најде одговор за ова.

    Некои луѓе едноставно не се доволно кадарни да скријат дека одработуваат за странски служби, против националниот интерес.

  • +2 гласови

    Хмм, грци беа тие што го употребија тројанскиот коњ први? Некако не би верувал за шансите да добие некои работи кога доаѓаат од нивна страна.

  • +2 гласови

    Да, никогаш не им верувај на Данајците, точно е тоа, но може да се сфати и како обид на грчката владејачка елита (нели Катимерини е класичен владејачки весник близок до Нова Демократија) да се подготви народот за компромис кој би бил на наша корист.

  • +2 гласови

    Компромис по дифолт неможе да биде повеќе во корист на едната страна. Компромис е кога никој не е задоволен. :)

  • +2 гласови

    тоа е така и според теорија на решавање конфликти...

  • +2 гласови

    Нема да се случи.
    Грците можеби ќе попуштат понешто, но, за жал, ние сме тие кои ќе мора да попуштиме најмногу. Мислам, да им ибам мамето мамино грчко, ама во подобра позиција се од нас. И тоа го користат.

  • +2 гласови

    Компромисот може да биде на наша страна, ако сакаме да биде и ако се трудиме да биде. Принципите вера, надеж и љубов воопшто не се случајно избрани за една од главните религии во светот. Тие имаат моќ да ги променуваат работите!

    Вордан - ние досега попуштавме. Доста ни се попуштања!

  • +2 гласови

    Лаве... имавме вера, надеж и љубов кон американците, па дури и туѓа крв пролевавме во нивен интерес, па ништо не се случи... освен што сме меѓународни злосторници.

  • -1 глас

    колку мизерно нели?

  • +1 глас

    си се запрашал ли што ќе рече Груевски за тебе кога ќе дојде страшниот суд??? Еретику.

  • -1 глас

    „беше долу во шпилот.. на самиот крај. а сега еве излезе најгоре“ :)))

  • -2 гласови

    Лавот не е лошо да напишеш еден текст во Таратур за твојата дефиниција на зборот компромис и да не поучиш сите во врска со твојот концепт.

  • +2 гласови

    jpetrov - нема потреба да пишувам во Таратур, мислам дека моите посетители се малку поинтелигентни, така што може погрешно да ме сфатат ако појаснувам такво нешто.
    Ама, еве ќе ти објаснам накратко овде:
    Ти продаваш крава за 1000 евра, јас сакам да ти ја купам за 300. Може да најдеме компромис и да ти ја купам за 350, а може да најдеме компромис и да ти ја купам за 950. И едното е компромис и другото...
    Зависи колку си ја цениш кравата. Јас мојата си ја ценам.

  • +1 глас

    Знаеш дека ако одиш на суд дека ќе ја продадеш за 650 нели?

  • +3 гласови

    675 :)

  • +1 глас

    jpetrov, dasaf - компромис молам! :)

  • +1 глас

    + адвокатски трошоци

  • +1 глас

    :))))))))

  • +1 глас

    Извини лаву, да те прашам нешто: која служба те плаќа да откриваш народни предавници во луѓето што не се согласуваат со твоето мислење, кое случајно секогаш се поклопува со мислењето на Груевски?

  • +4 гласови

    Убо што ме прашаш ќе ми ти кажам:
    Не ме плаќа ниедна служба (ниту сакам да ме плаќа некој за тоа), а народните предавници не ги откривам јас, сами си се откриваат во своите дела и писанија.

    Многу е просто како грав. Ако напишеш дека си поклоник на Господ Исус Христос да речеме, нема потреба јас да те оквалификувам како верник христијанин, туку сам си се декларираш како таков. Ако пишуваш прогрчки колумни во кои шириш паника, хистерија и параноја по класичните лекции што се учат по Специјална и психолошка војна на студиите по Одбрана, тогаш сам си се оквалификуваш како народен предавник.

  • +1 глас

    концептов на народен предавник ми е многу интересен. денес, покрај за обележување, многу помага да сфатиш дека „голи оток“ бил и демократски концепт.

  • +4 гласови

    Исто така моето мислење не секогаш се поклопува со тоа на Груевски. Верувај дека за мене Груевски е премногу мек во однос на прашањата од национален интерес.
    Ти го имам и тоа коментирано многупати на твојот блог и сега можам само да си претпоставам зошто манипулираш со поставување на вакви прашања овде на Кајмакот.

    На крајот на краиштата, сорозитите кај нас се здобија со лош глас уште пред повеќе од една декада, а јас тогаш немав никакво влијание ниту бев поактивно вклучен во македонските општествено-политички прилики, а рака на срце и Груевски тогаш не беше водач на ВМРО ДПМНЕ, ниту премиер.
    Знам дека можеби на многумина им фалат времињата од типот на: „Некои прашања не заслужуваат одговор“, „Европа сега или никогаш“, „Цело е кога има се“, и слични приказни кои скапо беа плаќани, ама тоа е.... не ми е жал!

  • -1 глас

    +1, а за верниците и едно „Амин!“ додадено на тоа.

  • -1 глас

    Во постот „Кој не заслужува одговор?“ имам напишано: „Можеби не е лошо да ги потсетиме вработените во МВР дека оние што тврдеа „Некои прашања не заслужуваат одговор“, добија мошне интересен одговор од граѓаните: „Некои партии не заслужуваат да владеат“.“
    Инаку, омилен слоган ми е „Цело е кога има секс“.
    Патем, не се прогрчки моите колумни, туку твојот пост.
    Испаѓа дека ти одработуваш странски агенди со дисеминација на тројанскиот коњ: „Македонија може да ја отфрли спогодбата и да го добие спорот во ОН“.
    Отфрлањето на спогодбата може само да ги зајакне позициите на Грција, откако ќе попиеме уште едно вето во Советот на безбедност.

  • +3 гласови

    JPetrov, многумина биле пред смртна казна и требало да ја продадат, ама не ја продале. Зошто тоа некој би го направил сега? Зошто твојот живот да е поважен од животот на твојот предок кој си го дал животот за да не се продаде?

    Котле - никој не повика на Голи Оток, линчување, затвор и сл. Разликата е во тоа што, за написите од таков вид, истите лица во Грција би можеле и буквално да настрадаат, а во било која друга земја најмалку би биле маргинализирани.

    Кај нас, во екот на борбата најгласни беа пајташите кои заговараа капитулација и никому ништо!

  • +5 гласови

    На чело со Фрчковски кој секогаш кога ќе се појавеше некаков старо-нов предлог за името, па следствено на тоа се вршеше малце поголем притисок од Европските шатл дипломати... е тој секогаш по правило излегуваше и ќе излегува со тезата „аман за аман луѓе, супер предлогов, дај да го прифатиме оти наредниот ќе биде сигурно полош, а може и да го нема, па и нас да не снема!“.
    Та преку таквото веќе...!

  • +1 глас

    А што се однесува од текстот од погоре, не давам глас баш поради она „не им верувај на Данајците“... ниту на нивните медиуми... впрочем, ако размислам подобро - не му верувај на било кој медиум.

    Навистина не ми е јасно зошто Нетпрес и останатите цело време пренесуваат вести од грчкиот печат. До сега ама НИТУ ЕДНО нивно предвидување не се потврди како точно (сем оние очигледните дека ќе ни опнат вето у Букурешт).

  • +4 гласови

    Жарко и претходно имаме дебатирано на оваа тема и ти имам кажано дека со сегашниве односи на силите и константното менување на правилата од позиција на моќ, нема шанси да го добиеме спорот. Имаме правно оправдана можност да го прекинеме, и да побараме арбитража од повисоките институции секако откако претходно ќе добиеме огромна поддршка за тоа.

    Инаку, јас никогаш не сум заговарал промена на уставното име, а сигурно не си ги избришал твоите колумни за да најдам барем 10 такви во кои ги застапуваш грчките позиции дека мора ние да попуштиме.

  • +1 глас

    само продолжете да барате предавници...

  • +2 гласови

    Околу дотичниот текст од Катимерини, може да се сфати и како обид на владејачката партија да ги подготви Грците на попуштање (или преведено, ако не попуштиме сега, Македонија може да го добие спорот прекинувајќи ги преговорите).

    Тоа е интересно за нас, за разлика од доаѓањата на Мико кој ни рече дека ќе не снемало, твоите написи, написите на Геро, Фрчко, иксовите-нулите и сл. на нив дејства. (прочитај претходен коментар)

  • +1 глас

    Геро, Фрчко и цела Транспарентост-Фиромиа се бањаат со долари и евра.

  • -1 глас

    Само како дополнение за оние што не знаат:
    The U.S. Department of Defense defines psychological warfare (PSYWAR) as: "The planned use of propaganda and other psychological actions having the primary purpose of influencing the opinions, emotions, attitudes, and behavior of hostile foreign groups in such a way as to support the achievement of national objectives.“

  • -3 гласови

    епа ајде, нека ја отфрли. и тоа чудо да го видиме и веќе да се реши проблемов - овака или онака.

  • +1 глас

    Од другите вести донесуваме:
    Македонија конечно го доби спорот со Грција во ОН. Остануваат уште: спорот со СПЦ, спорот со јазикот и нацијата со Бугарија, нерешениот статус на борците на ОНА, по што земјата полека но сигурно влегува во европското семејствоооо...јеее ***конфети***

  • -1 глас

    Од светот... МекКејн убедливо води, а французите ќе воведуваат веронаука :)

  • +1 глас

    Ама сте досадни со политичкиве постови! :)