Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Непотребни фрази во насловот, но прочитајте го постот.
станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Браво „Ленка“ !!
Колку и да е текстот утопистички и нереален во моментов, сепак е убаво да се види дека некој си замислува дека го гледа светлото на крајот на тунелот. :)
Дури, завидувам на видливиот оптимизам на авторот. За жал јас во моментов не можам да се надминам себеси или да ја прескокнам реалноста па да ги перципирам работите од поразличен агол... :(
Истиот коментар од блогот еве го и овде;
„Ова е чиста манипулација!
Прво, мора да се разграничи национализмот од радикалниот национализам, кој во Грција има примеси од наци-фашизам.
Второ, точно е дека има Грци кои сметаат дека овој спор е небулозен и дека Грција прави голема неправда (и јас имам добар пријател Грк со такви ставови), но фактите говорат дека тие не само што се малцинство, туку се и илегала во нивната земја.
Впрочем, гласовите за Неа Демократиа и ПАСОК го потврдуваат тоа, а тие добиваат заедно со нацистите од Караџаферис преку 95% од гласовите. Кога ќе се има предвид и ставот на грчката црква, епилогот е јасен. Во Грција владее апартхејд и нацифашистички режим, кој еден ден ЕУ и САД ќе мора да го погледнат в очи, како што го погледнаа во Јужна Африка и тој ќе биде соборен!
Дотогаш, ние сме во војна (специјална, психолошка) со Атињаните и секакви обиди за омекнувања на ставовите се непотребни и штетат на нашата кауза!“
а која е ВАШАТА кауза?
...ааааааа „Македонија до Индија“? :) А ако не тоа, тогаш барем онаа: „Солун е наш! А за Атина ќе се караме... ама со Турците!“. :))))
Не Јован, НАШАТА кауза (те. на оние од нас што чувствуваат национална припадност) е да не дозволиме каузата/идејата за која нашите дедовци, пра и чукундедовци како и генерации нивни родители гинеле, сега да изумре само во име на ЕУ и НАТО, вештачки сојузи кои беа осудени на пропаст уште пред да бидат креирани.
Пример: Сметате дека ЕУ постои... дека е цврста институција? Нека потрае само уште малце берзанскава криза вака како што е сега во слободен пад, па ќе видите како одеднаш секој ќе почне за себе да размислува (иако реално гледано, веќе почнаа)...
Штета само што нашата економија ни од далеку не е толку имуна на случувањата како што Ставревски и Славевски се трудат упорно да го излажат народот. :(
Злочко, од толку лупање по гради, на крај и ќе се повредиш!
И не знам зошто мислиш дека било кој нормален Македонец (со нечесни исклучоци, но тоа е друга тема) не чувствува национална припадност? И дека не ја цени „каузата за која гинеле нашите...“. Вклучувајќи ме и мене.
А тоа што си еуро-скептик си е твое право. Истото го збореа и комунистите уште пред 50 години: „Америка и Енглеска биќе земља пролетерска...“.
Иако, еуро-скептицизмот може да функционира во Норвешка или Швајцарија, а овде ... тешко.
Дека ќе се повредам многу веројатно. Во најмала рака поемотивно ќе го прифатам веројатниот пораз по прашањето за името за разлика од дел од населението кое верувал или не - по тоа прашање е мн. покосмополитски настроено од мене. И да... убеден сум дека не чувствува национална припадност. И меѓу другото - couldn't care less.
Што се тиче еуро-скептицизмот. Комунистите можеби закасниле, ама има голема веројатноста да испаднат дека биле во право. :)))
Впрочем што е национализирање на приватни комерцијални и инвестициони банки, ако не е социјализам? Капитализам сигурно не е.
И што е давање на народни пари во вид на финансиски инекции на приватни банки - ако не е фашизам?
Изгледа дедовците и тие пред нив не се разбирале многу од политика.