Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Крстоносци во Скопје

пријавена од apostolov80 пред 1 година. (kanalizacija.blogspot.com)

Стадо од 1.000 збрлавени Хунзи денеска не ни дозволија да го одржиме собирот против изградбата на црквата на плоштад. Носеа знамиња со крстови, икони и транспаренти на кои пишуваше „Сакаме храм“ и некави молитви.

станала популарна пред 1 година | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +7 гласови

    Не знам колку студентите се искрени во своите намери и дали се партиски врзани на пример... и ако не се, тогаш следниот чекор треба да заземање на факултетот. Општествените поместувања настануваат од универзитите. Заебете ги партиите.

  • -1 глас

    Денеска, недела, 28 март 2009 година, е ден од кој Македонија ќе се срами. На најбрутален начин, со насилство, толерирано од органите на прогонот, огромна толпа разулавени крстоносци ги спречија младите студенти на Архитектонскиот факултет мирно да протестираат против изградбата на црква на плоштадот Македонија. Најмалку што може да стори Никола Груевски во овој момент, за да си го измие извалканиот образ, како лидер на партија која се огласува како демократска, но и како премиер на држава која во светот се прикажува како демократска, е да се огради од овој фашистички џган и особено од нивните организатори и инспиратори. Второ, јавно ги повикувам професорите на Архитектонскиот факултет да застанат во заштита на своите студенти и на нивниот морален и интелектуален интегритет и в понеделник да одржат мирен протест во просториите на факултетот.

  • +1 глас

    Немате чувство дека "мирен протест во просториите на факултетот" е криење? Јас мислам дека треба нов протест на плоштад, против црквата, но и за слободата на изразување мислење преку мирен протест. Вака, хунзиве ја постигнале целта, ги избркале студентиве дома.

  • -1 глас

    за жал нема друго решение, но овој пат спремни за предизвикот и многу побројни