Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Контрадикција: кампања против пушење + субвенции за тутунот

пријавена од razvigor пред 1 година, 10 месеци. (volanskopje.blog.com.mk)

Ако пушењето е штетно, тогаш зошто со државни пари да се стимулира производството на тутунот?

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Па за извоз.

  • -2 гласови

    Глиша, се надевам ова беше цинично кажано. Јас од мој данок да субвенционирам извоз за тутунски компании?

  • +1 глас

    А што треба да му правиме на тутунот?
    Ај да им ја сјебеме и таа егзистенција (каква-таква) на луѓено...
    ц-ц-ц... колку ме иритира кога некој ќе проба да се направи паметен... А НЕ Е!

  • +1 глас

    Не само што се субвенционира тутун, кој има пред се штетно дејство, туку во истиот момент се субвенционира одгледување на нехранливи култури на плодни земјишта, наместо да се расте храна.

  • +1 глас

    на местото на тутунот ке се засади друга култура ... да речеме компир ...

  • +1 глас

    Е, да... и.., не се субвенцира тутунот... се субвенцира целокупно земјоделство и сточарство.

  • -1 глас

    Субвенциите кои се планирани доаѓаат од фондовите на ЕУ, ОТКАКО ќе започне процесот на преговори за пристап, што сега исто така е доведено во прашање заради две причини. Така да, „живи били па видели“ кој ќе добие субвенции.

  • +1 глас

    Не треба ништо да се субвенционира. Земјоделството е приватно производство, а субвенциите се државно интервенирање во правец на одржување приватни фирми (земјоделци) во живот, иако работат со загуба. Во комунизмот истото се правеше со фабриките, со што на крај се стимулираше превработеноста и мрзата. Резултатот од пукањето на тој балон го знаеме.

  • +1 глас

    Внуче, дали не можат земјоделците да опстанат произведувајќи други земјоделски култури?

  • +1 глас

    Има уште еден куп причини.. али еве да почнеме со оваа:
    Ок... се реши тутунските поседи да се искоренат, да се произведува (колку за муабет) јаболки. Еве, дури и ќе земеме дека тој регион е исто толку погоден за јаболки колку и за тутун.
    Периодот додека не созреат доволно новите поседи за да даваат плод кој ќе го плати?

  • -1 глас

    """Периодот додека не созреат доволно новите поседи за да даваат плод кој ќе го плати?"""

    Vnuce па до сега сите ние веќе го плативме и уште го плаќаме тој период... Конечно би сакал со моите пари да не се сади тутун.

  • +1 глас

    Се сложувам со ГудБајтс. Инаку ако не сте знаеле има иницијатива на евро-либералите веќе 6-7 години за постепено но целосно укинување на заедничката европска земјоделска политика, а со нив и субвенциите. УК и Германија како и северните земји се ептен за, додека Франција и Грција против. Но со новиот устав и укинувањето на право на вето тоа порано или подоцна ќе се случи.

    На кратко, субвенциите генерираат нелојална конкуренција. Како што реков, а ова апсолутно не е поврзано со партии, земјоделците многу скоро може да се „изненадат“ со фондовите кои ги чекаат, особено во случај на негативен заплет во нашите ЕУ-односи.

  • +1 глас

    Тобако индустријата е една од најмоќните во светот. Се вртат големи пари таму. Огромни. Македонскиот тутун има компаративни предности за пласман во странство. Штетно или не, пушењето постои и некој од тоа прават пари. Субвенциите се мерка на државата како било која друга, од фискална или монетарна природа, па дури до социјалните трансфери и контролата на екстерналиите.
    Нели е штетно да се работи на бензинска? Нели е штетно да се шие во фабрика со 200 души на 150 квадрати без клима на 50 степени?!
    Ајде ве молам...
    Да не се правиме како „блажо и ристо“: Шо секс паѓаше по тии студенцките домови, ама на нас не не викнаа...

  • -1 глас

    македонскиот тутун нема никакви квалитети, незнам од кај го извади тоа дека има „има компаративни предности за пласман во странство“.

  • +1 глас

    плус, ако не си знаел „компаративна предност“ значи можност за размена на добра помеѓу две земји. пример британија и португалија со памукот и лозјето.

  • +3 гласови

    имам учено „Економска Географија“, статистички податоци, трендови, пласман, квалитет итн итн...
    ти па од кај знаеш?!?

  • -1 глас

    Само да се тресне нешто. Не мора да се знае.

  • +1 глас

    кога тутунот би се конзумирал чист а не индустриски третиран,не е штетен по човековиот организам и `околијата`.
    (сум дробел пред извесно време околу ова- ако некој дума).десетина цигари дневно чист тутун-качак нема да убијат никој.
    тутунот-цигарите цигарите-тутунот,омилена тема-кампања би рекол(без намера да омаловажувам некого)на снобовскиот запад и свежиов прозапад.
    забелешка: нашиот тутун е во светскиот врв по квалитет.

  • +2 гласови

    што е со стотиците хемикалии-отрови со кои тутунската индустрија го третира тутунот?
    -не е битно,битна е кампањата.
    јасно е и докажано дека алкохолот убива,ајде да ги ископачиме или пренасадиме лозовите,сливовите насади...
    ајде да ги затвориме месните индустрии (паштети,салами...)кои на големо ни пласираат канцерогени адитиви,да го урнеме произвотството на сладолед и кондиторски производи-гнезда на најстрашните адитиви

    несакам и јас да плајќам терористи во парламентот ама ги плајќам,и за пензии ќе одвојувам(иако за мене не мора).
    дајте да запалиме по едно луле на мирот и не драпајте јајца по многу.
    мир брајќа.

  • +1 глас

    Flebur, ако знаш дека нешто не чини, зарем би продолжил со него? Твојот одговор е во тој правец: тутунот не чини, ама нека остане затоа што има и други работи кои не чинат. Ако вака се прави за секој проблем, нема да се реши ниеден.

    Инаку, мене не ми пречи тутунот току колку што ми пречат субвенциите. Наместо земјоделството да работи, како и се' друго, според принципите на пазарна економија, тоа се става под заштита, за која сите плаќаме. А најлошо е што разликата во парите не ја земаат земјоделците, туку тутунските или не знам какви барони, кои дополнително заработуваат од пониската откупна цена на субвенционираните аграрни производи.