Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
... Македонскиот Едли Стивенсон?
станала популарна пред 1 година | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Прашањето е на место...
Во наш контекст - кој ќе биде македонскиот „предавник“?
Слабо ми гласате некако. Знам дека се чувате за во недела, ама еве ветувам дека ќе гласам на сите ваши статии, ако дојдеме до 15-16 гласа до вечер на оваа. ;-)
Дај боже да можевме ние да контролираме нуклеарки па да видиш како ќе се викавме Македонија мноогу поодамна официјално. Но штом нема нуклеарки немора да пристапуваме кон име што не ни одговара, нели!?
Дај боже?
па котле денес во мода е да се убиваат луѓе, кај си ти?
А некој да прашаше, кој ќе биде македонскиот херој, како на пример претседателот и премиерот во Хрватска, кои велат не може заради членство во ЕУ ние да дадеме нешто што е наше?
Спорот со името и спорот помеѓу Словенија и Хрватска, иако исто неправедни, по својата природа сериозно се разликуваат.
Словенија бара од Хрватска да и отстапи дел од територијата, а истовремено не се согласува на Хрватскиот _компромис_ да и отстапи воден коридор на Словенија за да, според правото што го има од Меѓународното право на морето, има непречен излез на отворено море.
Сума сумарум, многу поконкретен спор а од своите позиции Хрватска неќе да отстапи (не сум сигурен за ова, но еве ќе ти верувам), поради тоа што веќе има предложено компромисно решение кое Словенија не го прифаќа.
Па Македонија уште пред 15 години предложи компромисно решение - двојната формула