Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Реална репортажа за Егејска Македонија и нашите сонародници.
станала популарна пред 1 година | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
па личи на наши сонародниц да, џандарите ги реметат, а во школо ги учат дека се наследници на цивилизација стара 2300 години. rings a bell?
грчката држава „некои од нив се изманипулирани за политички сврхи од надворешни чинители“ .. ring ring
Мислам дека не те разбрав...?
Сакаш да кажеш дека се во право? Дека таму сите се Грци, ама има некои залудени глави кои се очигледно изманипулирани од северниот сосед да се претставуваат како нешто што не се?
Де објасни ми, оти јас твојто коментар вака го разбрав.
не мислам дека грчката држава е во право.. туку мислам на *идентичната* реторика на македонската влада, мвр и сите понатаму.
А добро. Така може +1 и од мене. :)
"во школо ги учат дека се наследници на цивилизација стара 2300 години"
Јас сметам дека сум наследник на таа и на сите други цивилизации кои постоеле во овој регион, пред и по Античка Македонија. Кој има право да ми го одземе тоа мое чувство? И со какво објаснување?
Твојата забелешка би ја сметал за соодветна само ако во школо се учи дека сме чисти, 100% и директни наследници (како што во видеото се зборува за грчкото образование) на Античките Македонци, бидејќи таквото тврдење е очигледно нонсенс.
Во случајов, сѐ уште не се учи на школо, ама се учи на улица, кај што може и да те истепаат ако случајно помислиш дека не си 100% чистокрвен Антички Македонец.
Со оглед на мандатот на дотичните, кај да е за некоја година ќе почне и во школо да се учи.
Јас ова што ти го кажав ќе го тврдам додека сум жив. Тоа ти што го кажуваш е политичко плакнење мозок - базирано на претпоставки.
Detective Sandy Vagina strikes again...
ахахахахахах м фестер...))):)))